Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора стра��ица

Вашингтон чека иницијатива од Македонија

„Исходот од Самитот на НАТО во Лисабон за Македонија беше очекуван. Се надевам дека нема да потрошите уште две и пол години за да се дојде до решение за спорот за името, кое е услов за добивање на поканата за членство во НАТО“, изјави вчера американскиот амбасадор Филип Рикер.

„Северноатлантскиот совет ги повтори позициите од Букурешт, а тоа е дека Македонија ги исполни критериумите и на земјата ќе е' биде дадена покана за членство штом ќе го реши прашањето за името со Грција“, рече Рикер. Напомена дека оттогаш поминаа две и пол години и оти се' уште нема решение за името.

„Разочарани сме што се' уште не е постигнато тоа. Како и да е, одговорноста е кај лидерите и кај народот на Македонија да се најде конечно решение. Да се надеваме оти тоа ќе го сфатат и оти нема да чекаат уште две и пол години во кои ќе се поставуваат истите прашања“, рече американскиот амбасадор.

Прашан дали се можни какви било иницијативи од страна на САД за надминување на спорот за името, Рикер посочи дека тоа треба да биде иницијатива на Македонија.

„Тие иницијативи се нешто на што вие треба да се фокусирате. Тоа е ваша иднина. САД сакаат да помогнат, но ние не можеме да сакаме повеќе од вас да станеме членка на НАТО и да одиме напред кон она што се ваши цели. Ова е нешто што се надеваме дека Македонија и Грција ќе го прифатат и ќе работат брзо на тоа. Како што кажав многупати порано, не правете ги работите покомплицирани од тоа што се. Фокусирајте се на прашањето за кое веруваме дека е предмет на разговор и како да се реши тоа. Работете на реформите и работете заедно со Грција за да дојдете до решение што е можно поскоро“, порача Рикер.

Американскиот амбасадор не сакаше да ги коментира случувањата во врска со бришењето на македонскиот јазик од регистарот на ОН, ниту најавите за можни предвремени избори во Македонија. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1131 пати.

Испрати коментар

Од: sv dimitrija
Датум: 23.11.2010 12:20:40
Ashto saka RIKER ,nie da se otkazime od imeto MAKEDONIJA za da vlezime vo EU i NATO,Izgleda chovekot ne mozida svati deka toa e SAMOUBISTVO za siot MAKEDONSKI narod ne samo vo MAKEDONIJA tukui po siot bel svet.Makedonija prezivea poveke od 2500iljadi godini pod sekakvi robstva a chvekov sega saka da se SAMOUBIEME za sekogash MR RIKER GO end JAMP in the same bed with the GREEKS YOU a same AS.
Од: joco
Датум: 23.11.2010 13:13:17
како може да биде одговорен народот не ми е јасно и со кое име да влеземе во ЕУ И НАТО ПОЧИТУВАН Г-ДИН РИКЕР ПОД КОЕ ИМЕ НЕ ПРИЗНАВТЕ И КОЈА БЕШЕ ПОЕНТАТА.ОЧИГЛЕДНО ВО ПОЛИТИКАТА НЕШТО СМРДИ
Од: Itar Pejo
Датум: 23.11.2010 13:13:37
Kakva toa sega inicijativa ceka Vasington? Pa neli zavcera Ivanov se mu objasni na Obama? Mene se mi se cini deka ima nekakva svetska zavera protiv nas. Se vodi specijalna vojna so strasno oruzje za masovno unistuvanje: majtap! Si igraat majtap so selskiot b;;;;
Од: George
Датум: 23.11.2010 14:26:38
Г-н Рикер, да, сакаме, народот многу сака Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, но има една земја јужно од Македонија која тоа со сите сили го спречува. Еве ви пример: се шетате по улица во Њујорк и гледате како некој силеџија напаѓа жена и сака да ја силува, Вие застанувате и и велите 'госпоѓо, симнете си ги гаќичките'. Што мислите, морално ли е тоа?
Од: До George
Датум: 23.11.2010 14:59:03
George,НАТО не е католички манастир,па да се води од морал.туку работи за свој интерес.Заклучокот од Букурешт е на сила,а наше е дали ќе сакаме членство или не.
Од: Toso
Датум: 23.11.2010 15:00:17
Gorge tvojata prikazna mozebi ke bese vo reda ako ja kazes celata od bpocetok ne od mestoto koga toj aja siluva zenata-Ova ne e ulica be George ova se golemi zdelki prajaj te gi tie koi ja vodat zemjava NIkoj ne i kriv na FYROM i ako nekoj treba ova da go resi toa ste vie Gorege Nikola i site vie sto ste vistinski patrioti i prerodbenici prikaznata se slusase od podamna zosto e zenata siluvana i koj e siluvacot ??? trba da najdes odgovor pa posle da baras pravda G_DINE i uste ednas prema vas samo vie ste Makedonci vo ovaaa zemja nikoj drug...
Од: sovremenik
Датум: 23.11.2010 19:17:31
Ambasador Riker ima temna prošlost, vidi KOSMET i drugi. Toj ima zadača da sprovede Grčkiot nalog. Ambasadorite imaat zadača da rabot na podobruvanje na odnosite na svojata država i država-nivniot domakjin. Zarem Soedinetite Amerikanski Državi treba da smenat imeto i da isfrlaat termin " Amerikanski ", oti toj opfakja i državi: Kanada, Meksisko, Brazil, Argentina, i drugi od Amerikanskiot Kontinent. Ovo e paralela sa Grčkiot spor. Što misli State Department of USA na ovo?
Од: Dlaboka anaiza
Датум: 24.11.2010 00:39:06
Lugje razberete se: celoto scenario na nepriznavanje i pregovaranje i t.n. e nasoceno i so tajna agenda da se otkazat Makedonija i Makedoncite od svojot del sto e okupiran od Grcite. Na krajot na ovie izmisleni pregovori ke insceniraat deka ete tie ni popustaat i ke ne vikaat kako sto sakame, no da se otkazeme od svojot del i narod vo okupiranite delovi, da molcime za Genocidot, da govorime deka toa bil nekulturen odnos...deka takvo vreme bilo i da amnestirame cela edna drzava za Genocid...pritoa i da prifatime milioni Makedonci da stanat Grci, a nasta istorija i bitie da stane grcko. Toa nema da moze da pomine ovoj pat. Sega ne e 1949...koga go napravija NATO za da branat monarhoFashiti i cementiraat okupirani teritorii! Sega e atomsko vreme 21 vek!
Од: CITATEL
Датум: 24.11.2010 01:38:19
Toso, iako se pravis na toso, ne si interesn. Makedoncite imaat prirodno pravo da odlucuvaat za svoite bazicni vrednost...

Најди! во Утрински
Втора страница
Приватни лопати
Техничка помош од ЕУ за администрацијата
Вербатим
Сопругата на Расмусен го пофали Треневски
Белгискиот премиер лично ќе протерува азиланти
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial