Сопругата на Расмусен го пофали Треневски
Maкедонскиот штанд во НАТО го посети еврокомесарот Фуле со сопругата
Брисел - Македонскиот штанд беше еден од најпосетените на добротворниот базар што изминатиот викенд традиционално се одржа во седиштето на НАТО. Националните специјалитети, македонската гостопримливост, разните видови вкусна традиционална кујна, македонско вино, како и многуте други изложени македонски производи и прикажувањето документарен филм за убавините на Македонија беа причините што ги привлекоа многубројните посетители.
Македонија по петти пат учествува на овој хуманитарен базар. Оваа година беа застапени 100 различни артикли од 30-ина компании од Македонија.
Амбасадорот Мартин Треневски доби комплименти од високи преставници на НАТО и на ЕУ, како и од многу колеги и посетители. Меѓу првите што го посетија беше сопругата на генералниот секретар на НАТО, еврокомесарот за проширување Штефан Фуле со својата сопруга, адмиралот Џинпаоло Ди Паола, шеф на воениот комитет на НАТО, и многу други.
Сите домашни специјалитети беа пофалени од Анне-Мете Расмусен, сопруга на генералниот секретар на НАТО, која воедно е и организаторка и домаќинка на овој хуманитарен базар. (МИА) |