Maкедонскиот штанд во НАТО го посети еврокомесарот Фуле со сопругата
Брисел - Македонскиот штанд беше еден од најпосетените на добротворниот базар што изминатиот викенд традиционално се одржа во седиштето на НАТО. Националните специјалитети, македонската гостопримливост, разните видови вкусна традиционална кујна, македонско вино, како и многуте други изложени македонски производи и прикажувањето документарен филм за убавините на Македонија беа причините што ги привлекоа многубројните посетители.
Македонија по петти пат учествува на овој хуманитарен базар. Оваа година беа застапени 100 различни артикли од 30-ина компании од Македонија.
Амбасадорот Мартин Треневски доби комплименти од високи преставници на НАТО и на ЕУ, како и од многу колеги и посетители. Меѓу првите што го посетија беше сопругата на генералниот секретар на НАТО, еврокомесарот за проширување Штефан Фуле со својата сопруга, адмиралот Џинпаоло Ди Паола, шеф на воениот комитет на НАТО, и многу други.
Сите домашни специјалитети беа пофалени од Анне-Мете Расмусен, сопруга на генералниот секретар на НАТО, која воедно е и организаторка и домаќинка на овој хуманитарен базар. (МИА)
Edno me interesira pod koe ime beshe predstavena nashata zemja ,REPUBLIKA MAKEDONIJA ili FIROM ? Sakam da znam jas lichno a siguren sumi mnogu drugi Makedonci toa go posakuvaat.
Од: Itar Pejo
Датум: 23.11.2010 13:10:55
Golem uspeh za Makedonija i za vladata. Ocekuvam Treneski da dobie debel bonus od MNR. Uspesno si ja izvrsil zadacata. Ne e taka lesno da pokazes podobri vina od francuskite, sunki od italijanskite .... Pa i dokumentaren film! bas me interesira da ja vidam reportazata na CNN i BBC
Од: јас
Датум: 23.11.2010 17:00:23
А што друго очекувате од домаќинката и организатор на оваа манифестација?! Да го покуди и омаловажи учесникот на манифестацијата , како тој што направи пред да замине во НАТО како амбасадор?!НЕМА ШАНСИ !! Европјаните се можеби лоши за нас , ама домачно воспитување СИГУРНО НЕ ИМ ФАЛИ !!!