|
Македонски Состојби
Владата нема излез од тунелот!
Манчо Митевски
Власта се' повеќе манифестира дека е дезориентирана, нервозна и дека нема визија за следните чекори
По Лисабонскиот самит на НАТО - без покана и по Бриселскиот извештај на ЕУ - без датум за почеток на преговори, Македонија остана да лебди - ни на небо ни на земја! Овие два неповолни епилога наедно ги разголија вистинските состојби во земјата, а ја разоткрија и бедата на македонското општество, на македонската политика и особено на македонската власт. Власта, колку и да глуми задоволство и да раскажува прикаски за успеси, дефинитивно, остана со прстот в уста и без контекст. Во оваа статус кво ситуација, ниту граѓаните сфаќаат што им се случува ниту, пак, власта знае каде е излезот од тунелот. Многу индикативна е изјавата на амбасадорот на САД, Филип Рикер, кој потенцирајќи дека Вашингтон се надева оти решение за спорот со името ќе биде изнајдено, не пропушти да каже: „Разочарани сме што се' уште тоа не е постигнато. Одговорноста е на лидерите и на народот на Македонија да се најде конечно решение. Да се надеваме оти тоа ќе го сфатат и оти нема да чекаат уште две и пол години“.
Македонија сега е во ќор-сокак. Власта, иако е максимално самобендисана, се' повеќе манифестира дека е дезориентирана, нервозна и дека нема визија за следните чекори. Затоа, за да купи време, се занимава со маргинални работи, со фингирани лустрациски афери, а опсесија и се опозицијата и невладиниот сектор, кои секојдневно ги торпедира со измислени обвинувања и со папагалски изјави на прес-конференции, а видовме и напад врз слободата на еден медиум. Владејачката врхушка се занимава и самата со себе, бидејќи се' повеќе се фрустрира од рејтингот на лидерот и на партијата, кој, иако и натаму е повисок од другите, сепак, се ближи до нивото кога се доведува во прашање легитимитетот. Институциите под водство на личности од владејачката партија немаат никаква иницијатива за подготовка на државна стратегија за надминување на тоталниот застој на процесите во кој западна земјата.
Како алтернатива, опозицијата повикува на избори, но наедно кажува дека таа самата е немоќна да ги испровоцира, бидејќи одлуката е во рацете на власта, која има огромно мнозинство во Собранието. Македонија се врти во круг, кој се' повеќе личи на деветтиот! Ножот дојде до коска, а тоа покажува дека е дојдено времето за големи преиспитувања во сите сфери на општествениот, на политичкиот и на институционалниот живот на земјата. Време е власта да го извади прстот од уста, да го стави на челото и да размисли за следните чекори. Приоритет треба конечно да и' станат интересите на граѓаните и на државата, а не интересите за статус и богатство на малобројната партиска врхушка.
На Македонија, дефинитивно, и' е неопходен план за стратегиските области од кои зависи напредокот на земјата и излегувањето од вкупната криза на: економијата, евроатланските интеграции, меѓунационалните односи, политичкиот дијалог, институциите и судството. Оваа власт нема ни политичка волја ниту, пак, капацитет за радикално редефинирање на стратегиските приоритети на „Преродбата во 100 чекори“ и на фактичките состојби во поставеноста, составот и функционирањето на партизираните институции. Затоа државата останува заложник на политичко-пропагандните импровизации на власта и на нејзините тесни партиски интереси, односно личните интереси на владејачката елита.
Се чини дека без разлика дали ќе се одржат предвремени избори на пролет пред пописот, налето по пописот, наесен или редовни во 2012 година, ќе мора веднаш да се отвори голема дебата на тема: како да продолжи Македонија! Од таа дебата, пак, треба да произлезат стратегии за четирите клучни сфери: името, економијата, меѓунационалните односи и меѓународната позиција, а од решенијата во тие стратегии, ќе произлезе и стратегијата за ЕУ и за НАТО.
Во економијата се потребни најголеми промени. Веќе е сосема јасно дека економската криза во Македонија е структурна, бидејќи власта купува мандати и одржува висок рејтинг со задолжувања и непродуктивни трошења наместо со вложувања во реформи и развој. Голем структурен рез е неопходен и во буџетската потрошувачка, бидејќи најголем��от дел од парите е наменет за плати и социјални трансфери, а како капитални развојни инвестиции - власта ги третира објектите од типот: барокни катни гаражи, административни згради, споменици, скулптури, музеи на партиски восочни фигури, лавови, тениски игралишта, спортски сали, жичарницата на Водно, а како врв на се', Триумфалната капија како своевиден споменик на триумфот на глупоста! Патем, за Триумфалната капија од буџетот ќе се издвојат 4,5 милиони евра колку што се издвоени и за проблемот на околу 300.000 невработени, претежно млади луѓе!
Околу името, владејачката партија мора итно да организира расправа во парламентот од која треба да произлезе рационална стратегија (без мајоризација од мнозинството и без сеење магла), која ќе биде водилка во сите идни настапи и на државните функционери и на политичките субјекти во земјата, со што би се подобрила преговарачката позиција и би се дошло до компромисен епилог прифатлив за двете земји. Ваква стратегија ќе ги врати и охрабри нашите пријатели - земји, државници и авторитетни личности - поддржувачи (кои поради нашиот лош однос, се тргнаа настрана и не оставија сами), да ни помогнат да ја оствариме нашата безалтернативна стратегиска цел - влез во НАТО и во ЕУ.
Конечно, меѓунационалните односи. Македонија може да опстане само како мултинационално општество, односно ако гради односи во кои етничката различност ќе се третира како богатство, а не како хендикеп. Добро ќе биде ако актуелната власт престане со омаловажувачкиот однос кон својот партнер од албанскиот корпус и со лустрациските афери, кои се отвораат поради политички побуди, поради проблематизирање на 2001 година, а со крајна цел да се доведе во прашање Охридскиот рамковен договор. Од друга страна, добро ќе биде и ако албанскиот партнер во власта ја преиспита својата досегашна калкулантска позиција за партиско и лично профитерство и да стане поттикнувач на ВМРО-ДПМНЕ да се о��рабри и да се посвети на интересите на државата и на граѓаните.
Поради сево ова, централно прашање моментално кога Република Македонија е комплетно застаната, не е дали ќе има или ќе нема предвремени избори, туку дали политичкиот фактор во државата, а посебно владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе смогне сили да организира демократска дебата во институциите од која ќе произлезе усогласена стратегија за приоритетите на земјата за надминување на економската и политичката криза и застојот на евроатлантските и на демократските процеси. Знаејќи ја состојбата, прво, со менталниот склоп и скромниот демократски капацитет на актуелната власт, особено по сето она што го манифестираше со ТВ А1, второ, со фактот дека власта на некој начин сама ја потхранува кризата, не треба да се биде оптимист. Но, вреди да се проба, па макар и со политички и граѓански притисок, ако се знае дека тоа се прави во интерес на иднината на граѓаните и на државата. |
#
|
Статијата е прочитана 2257 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 27.11.2010 13:01:56 |
|
Манчо во потполно право си.Ова влада мора да падне односно си замине сама.Колку не сваќат дека немат никакво знејне ни од политика нити од ништо.Кој глеал еднаш Парламентарна седница,ако е паметен ќе свати што Избрал НАРОДОТ па таму седат полу писмени Луѓе и си гласат закони кои не ги разбират.Важно биле од владата. |
|
|
|
|
|
|
Од: Марика |
Датум: 27.11.2010 15:23:35 |
|
Тешко на нашата Македонија се додека постојат политичари како СДСМ и телевизии како А1. Нека престанат веќе да и нанесуваат штети на МК. Со подлите работи што ги прават ништо добро не му донесуваат на македонскиот народ. СДСМ, ако ништо добро не можете да направите за овој народ, барем не им одмагајте на оние кои можат. |
|
|
|
|
|
|
Од: јас |
Датум: 27.11.2010 15:48:20 |
|
Дека овие пропалитети мора да си заминат , јасно е како бел ден..Дури и ним им е потполно јасно .иако уште прават афери и криминал..НО ШТО ПОСЛЕ НИВ ?! Кој маж ќе биде што ќе се нафати да поправи се’ што децава растурија?!Само по основ на долг имаме преку 1 милијарда евра за враќање во странство.А долговите према фирми кои работеа ангарија ( работиш без да ти се плати ) се сигуно 2-3 пати поголеми.Тука се и сите портокали , кои се напикаа во сите сфери на администрацијата..Ај да беа високо квалификувани кадри, ами само необразовани лепачи на плакати и укачи на митинзи ( и тектук по некоја купена диплома на селските факултети, кои самите ги измислија за да добијат некое поголемо образование од незавршено средно и основно) Поарно човек да не добие на избори !! |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 27.11.2010 18:24:19 |
|
Deka treba ovaa Vlada da si odi e poveke od potrebno,no bi prasal koj ke dojde?Posle onoj cirkus vo A1 vo koj vmesan bese i SDSM i toa komplet,neveruvam deka veke nekogas ke dojdat na vlast,a i posle ona samite dokazaa deka se obicna malograganstina koja se uobrazila deka se intelektualci.Neznam kako ne se sramat od snimkite kade sto nekoj glumea deka se tepani i butkani i neartikulirano urlaa,dodeka policijata mirno posmatrase i se potsmevase na glupostite.Definitivno SDSM si potpisa vlez za vo istoriska deponija.A,ovaa Vlada ako saka uste da go zabavlja i zamajava ovoj narod so aferi i senzacii, eve im predlozuvam,vaka kako sto upadnaa kaj Velija,neka upadnat i kaj Zingo(pogotovo vo negovata banka)toa ke bide najgledano realiti sou,gi uveruvam,a voedno barem drzavava ke trgne napred ako uspeat da se spravat so nego.No,Zingo e drzavata,pa zatoa drzavava ni e uredena po modelot na Kratovo.Tuka lezi zajakot narode.No,ke se otkrie nabrzo i ova, koj ja vodi drzavava. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 27.11.2010 19:22:43 |
|
Би се осврнал на наводниот ,,ќорсокак,, кон името.Изгледа авторот дали нее информиран да токму неговиот народ се изјасни во анкетата на Дневник ( да не ги споменувам другите анкетари)да никако несака да излезе на отворен простор со изменета национална физономија,идентитет,јазик и др. национални особености.И до јас твоите високошколски ептен способни овие ги унередија 4 пати по ред. |
|
|
|
|
|
|
Од: До Марија |
Датум: 27.11.2010 21:40:32 |
|
Кутро Мариче,СДСМ е партија,не е политичар!Кажи ни кои се тие што сакаат да направат добро за народот,не видовме такви!Ај,сега оди гледај го Латас! |
|
|
|
|
|
|
Од: Johnny |
Датум: 28.11.2010 01:29:00 |
|
Vlasta nitu e dezorientirana, nitu e nervozna, nitu pak nema vizija.Taa ednostavno si ja postigna celta,si ja realizira vizijata i uziva vo blagodetite koi i gi dava sostojbata vo koja se naoga RM.Ednostavno ja napika drzavata vo kos,totalno ja izolira sozdavajki od site neprijateli vo megunarodnata zaednica, a vnatre neprijateli na sekoj cekor,pa si postavi bariera okolu kruzokot na familijata so zakani pritisoci, hajki, protiv site koi baraat izlez od ovaa diktatura, i si uzivkaat vo parickite koi sekojdnevno im se slevaat vo dzepovite od kriminalot sto go pravat na tezgata narecena Makedonija, Zatoa gi boli uvo niv za toa dali sme vo EU i NATO,im odgovara da ne sme vo nikoj slucaj,vo sprotivno ke ima pratat kontrolori da go sledat sproveduvanjeto na nasokite na EU u trosenjeto na parite |
|
|
|
|
|
|
Од: Petre |
Датум: 28.11.2010 01:36:36 |
|
golema rabota... problem e sto vo Tunel vleze i EU i USA i cel svet... kriza ke ima uste 10godini najmalku, kaza gligorov junior i mu veruvam... a i koga ke prestane krizata nema da bide kako porano... eve , Hrvatska izleguva od cekalnata i vvleguva... ama kade, vo ekonomski ambis...EU , osobeno EvroZonata podrazbira golemi plati a toa e mnoogu opasno.. samo sto sekoj toa ne go svaka.. veke i ovie plati se breme za nashata konkurentnost i se pogubni za nevrabotenite, zatoa sto so rastot na platite rastat i cenite.. |
|
|
|
|
|
|
Од: ne e bitno |
Датум: 28.11.2010 17:58:18 |
|
Petre, "ne treskaj gluposti" da se izrazam po makedonski :) EU znaci demokratija, sloboda na govor, vladeenje na pravoto, moznosti, visok standard a pred se : civilizacija! Ne da nema nedostatoci-ima, ama toa e normalno. Makedonija e zalosna, pogledajte se vo ogledalo veke ednas. Edna debata na tv e pod sekoe nivo na bon-ton i civil.odnesuvanje sto da komentiram drugo? NE se pocituvate, ne gi pocituvate instituciite, se e rekla-kazala, kako zeni na sred selo...e toa vo Evropa GO NEMA. Toa vi treba: koj sum, sto sum, zosto sum, sto mi sleduva, go pocituvam drugiot, gi pocituvam zakonite, sakam kritiki za da stanam podobar, site zaedno ste drzava, sekoj sam ne ste nisto itn. no pak ke kazam: so sekoj nastan se spravuvate kako grupa zeni sobrani na bunar.-zvinete za ova no taka e. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tuti fruti |
Датум: 28.11.2010 21:24:26 |
|
A bre Marike izglada tisi edna od novo primenite vo administracijata na RM so 10000 den plata pa sega tropas protiv drugite koi mislat poinaku za tebe vazi parolata molto tropo njente bene |
|
|
|
|
|
|
Од: George |
Датум: 29.11.2010 07:31:57 |
|
Овде 'читам' дека има многу теоретичари и следбеници на идеи. Но, не е битно, не разбира или пак не сака да разбере. Да, ЕУ, на хартија има многу вредности, но многу од нас знаат дека и комунизмот/социјализмот имаше многу вредности. За жал. праксата ги демантира и едните и другите. Затоа, не е битно, уживај во рајот на своите соништа. А Македонија ако сака напред, јас би рекол дека потребна и е слога и разбирање, но за жал и ова е на ниво на теорија. Затоа, за практично да оди напред, потребна а цврста правна држава и малку морал (кај политичарите), меѓусебна почит и ако е можно барем малку патриотизам (од сите, вклучувајќи ги и новинарите). Верувам дека овие основи се доволни за напредок на Македонија. |
|
|
|
|
|