Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

„МАРС 2010“

Триумф на Влатко Илиевски и „Среќа“

Композицијата „Среќа“ на авторите Владимир Дојчиновски и Весна Малинова, несудениот евровизиски претставник, поп-пејачот Влатко Илиевски, ги дочека своите пет минути слава, триумфирајќи на завчерашното, трето издание на Македонскиот радиски фестивал „МАРС 2010“, што се одржа во Универзална сала во Скопје.

Илиевски, кој е двократен победник на МАРС (лани триумфираше со песната „Најбогат на свет“), го има најголемиот радиски хит за 2010 година, награда од 60.000 денари и бесплатно користење на Универзална за организирање солистички концерт.

Како второпласирани, според гласовите на публиката дадени по пат на телевоутинг, се најдоа близнаците Мартин и Стефан од дуото „Некст тајм“, кои со темата „Убава“ освоија и парична награда од 40.000 денари, додека на трето место се најде Александар Белов и „Една“, што му донесе и финансиска поткрепа од 30.000 денари.

Елена Ристеска и нејзината „А можевме“, песна сместена на компилациското цеде „Тоше и пријателите“, беше прогласена за ФМ-хит на годината. Статуетата, како што изјави Ристеска, му припаѓа на Тоше зашто е прва награда за композиција што самиот ја напишал и која, како што рече, лично ќе ја однесе во неговата спомен-куќа во Крушево. Ова признание и' донесе и 30.000 денари и бесплатен концерт во Универзална сала.

Меѓу наградените на завчерашната манифестација се најдоа и поп-дивата Калиопи, која го доби специјалното признание за популаризација на македонската музика во земјава и надвор од неа, а „удостоени“ беа и гостите од Србија - Жељко Самарџиќ и Жељко Васиќ. Наградата „Ѕвезда што се раѓа“ му припадна на младиот пејач Дарко Илиевски.

За најдобар текст беше прогласен „Едно тело“ на Магдалена Цветковска, а во изведба на Дарко Илиевски и ДНК. Наградата ја доделија естрадните новинари, а таа и' донесе и 10.000 денари на најуспешната текстописка. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 1254 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
За нашите политичари не важи круша под круша паѓа
Во Бугарија има 1.200 болни од сида
Не сум бунтовник, туку сум љубопитна
Пензионерското бесплатно возење кошмар за вработените
Потребен ни е релевантен Филмски фонд
Ја покажаа моЌта под закрила на ноЌта
Федерер како во најдобрите денови
Изгоре од чесност омилената министерка на Берлускони
Акции на странски берзи ќе може, ама кога?
Владата нема излез од тунелот!
Почина актерот Лесли Нилсен
Ги стимулираме програмерите на „Андроид“ во Македонија!
Северна Кореја се заканува дека ќе има војна
Цеца во сивиот дом
Израелци ја меркаа Струга
Растат сончеви чадори над Севилја
Цеца
Радио Македонија - 40 години радиотатковина
Опасен мит за херој-бизнисмен
ВИП го понуди таблетот „Дел стрик“
Преживеаните камермани се сеќаваат на нуклеарните проби
Ќерка ја чувала својата мртва мајка во стан еден месец
Седумгодишен штитеник прегазен на пругата во Драчево
 


The influence of Sufi Islam in the Balkans
Mladic situation puts commission opinion on Serbia in doubt
European Parliament discusses Macedonian media freedom