Слободан Милошевиќ ја стимулираше експанзијата на турбофолкот за опивање на масите со вештачко поттикнување лажни вредности
„Ајде да и' изградиме споменик на Цеца. Цеца е закон. Нека биде најголем. Ова е затоа што интензитетот на идолопоклонството кон овој лик е посилен од оној за Тито, барем така говорат бројките. Замислете, во продажба (за концертите) се пуштени 40.000 карти, добри два процента од целокупната популација да се видат на едно место. Толкава бројка за кој било културен настан е незамислива кај нас. Дури значајните политички субјекти не можат да ангажираат толку луѓе одеднаш. Па тогаш, во што е штосот?!
Целата општоселанска хистерија околу гостувањето на мега турбо-ѕвездата од Србија кај нас отвора значајни прашања на кои, како што гледам, во општеството воопшто нема дискусија. Некои дискутанти таа личност дури ја идентификуваат со симболот на натчовек на денешницата. Замислете си го само Ниче од оваа перспектива (се превртува во гроб). Комедија. Или трагедија!?
Длабоките идеолошко-културолошки импликации и проблеми од овој настан, како и секогаш, не избиваат на површина. Некој намерно ги супресира. А, исто така, парира со медиокритетското становиште дека во музиката не треба да се бара политика. Има тука и тоа колку политика. Секое зрело општество за олку значајни паради (од негативна конотација, секако) отвора дебата за да се слушнат и мислењата на другата страна. Притоа, не ми паѓа на памет да се самоцензурирам само затоа што некој можеби и ќе каже дека ова е некоја нова делба во националното ткиво. Не си дозволувам цензура од проста причина што носењето на Цеца во Скопје е поделба во националното пораѓање и дискурс. Дали ова е случајно, аргументирано или последица на (не)постоење, на отсуство на културен идентитет промовиран од сеопфатна државна стратегија? А за промена, да се зафатат со промоција на автентичните македонски вредности.
Не ги обвинувам паушално некои можни фанови што можеби и ќе се подналутат од поинаквото мислење, туку причините зошто тие станале обожаватели на алтернативата на безидејноста. Овој бран ни ја води нацијата во евтаназија. Предлагам да го превртиме видното поле и од аспект на државната политика да погледаме како стојат работите. Има ли некој намера, воопшто, да ги објави аргументите што укажуваат на опасноста дека сме единствена земја во регионот, но и пошироко, увезувач, домаќин на културната профилираност на еден надминат, диктаторски режим. Се сеќавате ли дека Слободан Милошевиќ ја стимулираше експанзијата на оваа алатка (турбофолкот) за опивање на масите со вештачко стимулирање за лажни вредности. Си споменувате ли за поврзаноста на нејзиниот маж со Милошевиќ, за воените злосторства, за безбројните бегалци од целиот регион (дел од нив завршија и останаа во Македонија), нестабилноста на Балканот во последните дваесетина години. На неговите четнички параформации што беа присутни на аеродромот Петровец при повлекувањето на ЈНА, кои беа подготвени да дејствуваат против Македонија. И последното убиството на српскиот премиер Ѓинѓиќ и нејзината поврзаност со земунскиот клан.
Може ли некој да ми каже дека Цеца се одрекла или се извинила за злосторствата на нејзиниот сопруг? Не верувам. Ама секако дека ќе чујам како, всушност, по неговата смрт таа продолжила да го тера неговиот бизнис и идеолошката матрица. Тоа е веќе глас со митолошки димензии. Во недостиг од вистински вредности многу е значајно кој бил сега босот на мафијата. Навистина е тажно кога една цела генерација млади девојки се идентификуваат со оваа супкултура, и за главна преокупација во животот, статусен симбол, имаат да се во друштво со таканаречените необразовани насилници. Филмот со задоцнување го гледаме во Македонија. Секогаш е така.
Сакам да потсетам дека на Цеца не и' беше издадена виза за влез во САД, Канада, Словенија и во Австралија. Исто така, не се сеќавам дека одржала концерт во Романија или во Хрватска. Мораме да знаеме дека за овие прашања во околните земји се води сериозна дебата и организирана државна одбрана од таквата контаминација. Сега е време да прашам: кој и' даде дозвола за влез во Македонија? Има ли некој што ќе биде одговорен за последиците, кои се извесни. Ова заедно со пресијата по телевизиите од „отпишаните“, до „среќни луѓе“ ја заокружува сликата од филмот што е одамна веќе изгледан. Ако работите стојат вака, каква е пораката што ќе ја пратиме со нашиот неоднос кон работите? Оставаме ли впечаток дека имаме став, дека правиме дистанца кон она од кое декларативно се одлепуваме само во празните муабети. Уште ли сме бановина? Или нашето профилирање е само празен муабет во времето кога хит е отворањето кафеани за Тито? Дали е ова единствена алтернатива на безидејноста што ни ја нуди владејачката елита? Си купивте ли карта?“
Забележавте дека сега ги затворив наводниците, кои ги отворив во почетокот на текстот. Тоа не е случајно. Имено, ова е преобјавена колумна. И тоа од далечната 2005 година. Можеби затоа некои ситни детали ви изгледаат чудно, но убеден сум дека од денешна перспектива ништо не е сменето. Од друга страна, оние што ќе го читаат текстот несконцентрирано и нема да забележат никаква промена од пред пет години.
Тогаш на власт беше СДСМ, а денеска е ВМРО-ДПМНЕ. Ситна разлика. Генерално, нема некои поголеми разлики во политиката кон кичот, кон Цеца, кон турбофолкот. Тогаш се' уште не бев „завојуван“ со ДПМНЕ. И бев доста активен во штабот. Кога чувме дека ќе доаѓа жена му на Аркан, предложив да се прекине концертот по секоја цена. Да се направи инцидент за да не и' текне повторно да дојде. За да знае дека ова е држава, а не тесто за месење. Во штабот ми рекоа дека идеите ми биле радикални. И не реагиравме. Денеска идеите не ми се толку радикални. Се сменија времињата. Има некои нови деца. Тие нека бидат радикали. Нека се борат за своите идеи, како, на пример, студентите од Лондон или како мојата генерација во 1997. Денеска можам на овој начин да придонесам, да потсетам и да кажам дека, за жал, ништо не се менува на подобро. А не сум сигурен дека обратното не е случај. Во меѓувреме, Бора Чорба, познатиот четник и анти Македонец, дојде на концерт, а Цеца успеа да влезе во Словенија. Во меѓувреме, Србија се ослободи од баластот на Милошевиќ и сега без никаков комплекс и страв ја претресува Цеца и нејзините сомнителни финансиски активности. Затоа таа најави дека ќе барала азил во Австралија. Нема потреба, Цецо! Повели во Македонија! Тука ќе те прегрнат твоите фанови. И ќе те чуваат. Доволно е само малку да заплачеш пред камери, во организирани евенти за перење на мозокот. На она малку што останало неиспрано.
Пре би рекол дека авторот на текстов е доктор по политиканство, а не политика. Никој не му виновен што тој нема смисла за владеење со масите. Но тоа е одлика на екстремниот национализам, кој за среќа во Македонија е минорен.
Од: don kihot
Датум: 27.11.2010 14:21:32
Kogo go interesira dali e sund toa sto se nudi kako turbo folkot, kogo go interesira za posledici, kogo go interesira za pravi vrednosti i vistinska umetnost.Opstestvata na regionot se "zabegani" nema veke pravi vrednosti koi gi imavme vo edno zdravo opstestvo.Tranzicija e momce a ti zboruvas za turbo folk kako za zlo, pogledni gi vesnicite pedofilija, ubistva ,siluvanja, krazbi,.Pogledni gi politicarite, nekoi faci licat kako od kultniot film Kum, a i taka rabotat.Se koga ke se zeme na eden kup, od site zla sto ne navasaa, turbo folkot e uste i najneopasen.No se slozuvam deka ja iskrivuva slikata za pravi muzicki vrednosti. (case lomim ruke mi krvave)...ziveli!!!
Од: tome
Датум: 27.11.2010 14:51:24
Ceca, Seve,Mancic... Kic parada.Vo drzavavaq vo koja kicot e glavna fora, nikoj ne saka da govori zosto uvezuvame kic, i vo vid na Lavovi, razni pobednicki arki.Kicot e trend , kicot e hit. Kic drzava, kic Vlada, za kic narod
Од: Nikola
Датум: 27.11.2010 16:16:26
Sto e vazno koja e Ceca i sto zaedno so nejziniot Arkan sakaa da ja podelat Makedonija. Nie seuste sme pod srpsko ropstvo, a za toa se pogrizi dopolnitelo segasnata vlast.
Од: Ne mesaj babi i zabi
Датум: 27.11.2010 16:49:01
Filipe pak treses "zeleni" Pravis sporedba na borbata na studentite vo London so borbata na tvojata " avangardna generacija" vo 1997 godina. Studentite vo London se borat za svoite prava, protiv trostrukoto pokacuvanje na skolarinata i prava na ednakvi moznosti na obrazovanie za site sloevi na naselenieto , a ne samo na bogatite, odnosno onie koi imaat pari. Tvojata "avangardna generacija " se borese protiv voveduvanje na albanskiot jazik vo pedagoskata Akademija, odnosno onevozmozuvanje na upotreba na albanskiot jazik vo visokoto obrazovanie. kade tuka gledas slicnosti. A sto se odnesuva do Ceca.? Pa gradonacalnikot na Prilep nedela dena ne si gi miese racete posle pozdravuvanjeto so Ceca na koncertot,sto istata go odrza za " Pivofestot" i nejzinoto gostuvanje vo Prilep, go smeta kako vrv na svoeto politicko angaziranje i dostignuvanje.
Од: Do Nikola
Датум: 27.11.2010 18:29:57
Ovaa Vlast e vo racete na Singo,pa normalno e Latas da e naredbodavecot, a Latas ja obozava Ceca i srpskoto kriminalno podzemje.Grujo e samo izvrsitelot, koj na kraj ke bide zrtvenoto jagne za site neuspesi vo drzavava.Singo i negovite strukturi ke se presaltaat kaj drug i od tamu povtorno ke ja vodat drzavava.Samo nemoj da mislite deka oni sorabotuvaat samo so Srpskite kriminalci. I so bugarskata mafija se vo odlicni vrski.Zatoa se i silni, i nikoj tamu nesmee da upadne kako kaj Velija.Nas koj ni e kriv sto imame slaba drzava.
Од: natasha
Датум: 27.11.2010 21:19:08
Jas bi rekla tragedija, ne komedija, bidejki nekoj kako da saka narodot da bide zaveden so kic vrednosti i da misli deka vo drzavata se e dobro. Edno vreme vo komunistickiot sistem toa go postignuvaa so postojano zaplasuvanje deka ke ima vojna, deka nekoj ke ja napadne Jugoslavija, sega toa e masovniot kic... Sega narodot treba sam da oceni dali e zaveden vo pogresna nasoka i dali ima sila i intelegencija da si gi prestroi svoite ambicii i da se orientira kon vistinski politicari i univerzalni vrednosti.
Од: sebastian
Датум: 27.11.2010 21:44:42
добро е што конечно направивме спортска сала со народни пари, која го носи името на нашиот трагично загинат претседател, за да можеме да ги удомиме ваквите „уметници“ од регионот...
Од: lilijana
Датум: 27.11.2010 22:20:02
ne sum obozavatel na Ceca i ne ja slusam nejzinata muzika,no fakt e deka taa sobra 120 000 na Pivofest vo Prilep i dvapati ja napolni salata "Boris Trajkovski".Nema nikogo da napagjam za situacijata so nasata muzika no sevo ova se slucuva kako rezultat na nedostatok na kvalitetna makedonska muzika,a frazite deka nesto ni e nametnato se izliteni.Pa nas se ni e nametnato veke so decenii:i krizata vo 2001,i teritorijalnata podelba,funkcioniranjeto na sistemite ,pa koga se toa mozeme da podneseme zosto ne i Ceca.Vsusnost Ceca ni e beganje od realnosta i vnesuvanje malku veselba vo naseto crno sekojdnevie.
Од: ivan
Датум: 27.11.2010 22:59:43
Vi se molam doktorot po nauki komentira nastap na sakale ili ne zvezda.Od vakvi naucnici dojdovme do ova deredze. Koj e toj doktor sto znae sto e kic sto ne .Dali georgievski(koj patem receno covek te napravi) ako sobere tolku verni ljubiteli(a moze da sonuva) e kic politicar? Dali i drugite politicari se kic ?Ovie luge sto odat kaj ceca odat po svoja zelba od ljubov i za toa davaat pari,a kaj vas na vasite koncertiMitinzi)odat prisilno gi vleckate so avtobusi i implakate benzin za da dojdat..Dali ova nesto vi znaci? Dali i riblja corba za vas e kic? Dali Toni Zen e kic?Jas Toni zen ne go razbiram sto pee no vo Ohrid na anticki teatar publikata bese vesela.Kaj niv odat lugeto od Ljubov i plakaat so keif. Za kraj dali ZZ TOP e kic.Jas poima nemam sto oni svirat (ne gi razbiram) no tie sto bea tamu odea po svoja volja plakaa od svoj dzeb i bea veseli.Dali Majkl dzekson peese Kic? doktorantot aber nema sto dzekson peese no go sakase.Zatoa pocituvajte ja voljata na narodot
Од: Che Gi Varam
Датум: 27.11.2010 23:13:09
Auuff, jak patriot si mi ti. Edno vreme sakase da gi stavis S vo gasni komori, a sega kogana toa ve potsetuvaat tebe i Vlatko, se vadite kukavicki. Jak si mi ti demokrat koga smetas deka mozes na nekogo da mu poprecis da pravi koncert tamu kade sto publikata go bara toa. Da, ovoj narod treba da izleze na ulica, treba da im ja pokaze svojata sila na politicarite od tvoj kov, koi se zbogatija na grbot na narodot zadskrivajki se zad nekoja bozemna ideologija.Edinstvenata ideologija koja vie ja podrzuvate se parite. Zatoa se slagam so vas deka narodot treba da prevzeme poradikalni merki i konecno da vidime "obeseni" politicari na plostad. Pomnenjeto ne nie e kratko, spisokot se zgolemuva..........
Од: nik
Датум: 28.11.2010 02:41:16
Za prvapat da procitam nesto od maldiov Dr. sto drzi voda
Од: марјан
Датум: 28.11.2010 10:52:31
добро бе ,морате ли секаде да се вмешате. сега ви смета цеца. му била жена на аркан. па и ти му беше на љубчо нешто а и тој сака да ја подели македонија. не пишувај вакви работи, еден ден ке имаш деца, ке ти ги прочитаат колумниве.
ние ј�� сакаме цеца затоа што за два саати ни овозможи да ве заборавиме вас,паметните политичари. како тебе и шекеринска.
Од: Antonio
Датум: 28.11.2010 15:06:50
Gospodine Filip,Vo red e ova sto go pisuvas za Ceca i nejziniot sund,no neznam kade pronajde ravenstvo pomedju nea Bora Corba,da odime po red:
1.Bora e vrven umetnik,ceca ne e,
2.Bora e roker,ceca turbo folkerka,
3.Ceca milenicka na rezimot na Milosevic,Bora eden od najzestokite protivnici na istiot, i tn.
Se somnevan dali voopsto si gi slusal pesnite na riblja corb i nivnite poraki vo niv.Jas kako dolgogodisen fan na riblja corba vo nitu edna negova pesna ne sum sretnal nitu eden zbor protiv Makedonija,a nitu vo edno negovo intervju za bilo koj medium od bivsite yu prostori.
Mozebi stoi toa deka e Bora nacionalist,no barem e umeren,za razlika o tebe,i sugurno ne e tolkav antimakedonec,kolku sto si ti antisrbin.Tolku!!!
Од: Do Filip
Датум: 28.11.2010 17:45:40
Mozam da se oblozam deka i vie Filip znaete barem 5 pesni od Ceca :) (kolku i da ne sakate da go priznaeto toa javno!)
Koncertot bese prekrasen, 3h site peevme i se veselevme...i odamna nemam videno na edno mesto tolku srekjni lugje!!!
Namesto da bidete srekjni koga i narodot e srekjen i slozen i da podrzuvate nastani koi splotuvaat, koi na site lica ostavija nasmevki, vie se zakanuvate deka treba da se napravi incident. Zasramete se!!! Uste i navreduvate deka publikata treba das se vrati vo selata od kade sto dosla!!! A od kade ste vie??? Svesni li ste kolku lugje navreduvate!
Izgleda vi e podrago da gledate Makedonci kako se karaat i navreduvaat megju sebe, po sekakvi mitinzi, otkolku da gi gledate veseli... Da Filipe, salata bese prepolna so Makedonci, i toa veseli, raspeani i razigrani Makedonci.. I ne zaboravi, Ceca postoese i pred Arkan, a dokolku ima kriminalni dela nejzinata maticna drzava treba da i sudi. A ne nie, a najmalku ti
Од: MAKEDONEC
Датум: 28.11.2010 20:45:07
Navistina ne gi zabelezav navodnicite. navistina mislev deka toj del od tekstot e pisuvan sega ne pred 5 godini. So ovaa kolumna kompletno se soglasuvam.
Од: kiril
Датум: 29.11.2010 00:21:35
Cisto informativno,Ceca ima odrzano koncerti vo Ljubjana,Cikago,Sidnej,... i drugi gradovi njiz Evropa,SAD i Avstralija,ete zosto tolku narod odi na nea,zatoa i tie sto se protiv nejzinata pojava ne se porazlicni,kako gospdinot Petreski,laze bez da mu trepne i kako lugeto da mu veruvat
Од: petre
Датум: 29.11.2010 01:15:37
Tie sto ne i dadoa viza ,ne zaboravi ja bombardiraa Srbija,i sto e sporno tuka?
Од: Jordan-Lerin
Датум: 29.11.2010 06:58:06
Normalno deka ushte ke ima lugje so kompleksi od srbomanstvoto. Ceca e edna posledica od toa srbomanstvo.
Од: jovan
Датум: 29.11.2010 08:48:49
Ne ja obozavam Ceca, a uste pomalku pa nejzinite pesni, no.... da privleces 120.000 luge na pivo fest vo Prilep, da ja napolnis salata "Boris Trajkovski" dvapati "do vrv" so publika koja platila po 1000denari karta, e sepak za RESPEKT. Dali toa bile glupi ili pametni gledaci,neznam, sekoj si ima svoj vkus a vkus ne se komentira. No brojkite ostanuvaat za respekt.Tuka zavrsuva sve.
Од: Covek
Датум: 29.11.2010 09:12:48
Doktore, Ceca ama ic ne ja sakam i vo nekoi segmenti od ova statija se slagam no mesanje babi i zabi ne mozam da svaram. Sigurno ste slabo informiran za razlikite na Bora i Ceca i deka Ceca mnogu poslabo ja ima vo srpskite madiumi otkolku tuka. Taka da aludiranjeto deka toa e nekoja srpska kultura ne pie voda. I na kraj kraista neli mina vreme koga estradni umetnici ke mesame so politika. Bidete seriozen i pisete za vistinskoto vlianie vo Mak politikata.
Од: od mene
Датум: 29.11.2010 10:35:31
Hahahahaha.....e ona so koe ke go pocnam svojot komentar dragi Dr.-e!!! Neznam dali e od nekoja si pusta zelba ili nemanje na nekoja poinakva tema, pa ajde sega ke sedneme i ke pisuvame za Ceca. Jas bev na nejziniot koncert i ne zalam za toa, i ne me pravi toa mene pogolema Makedonka od Vas, jas i pred Ceca i po Ceca ednakvo sum Makedonka!!! Ste pisuvale pred 5 godini, pisuvate i sega, ama ajde dolovete mi moment zosto Vi smeta Ceca??? Dali siot makedonski narod koj bese vo salata i vo petokot i vo sabotata se za podcenuvanje??? Sporeduvate Bora Corba i Ceca??? Dali znaete deka na sledniot album nejzin nosecki hit e tokmu onoj koj go napisa toj istoit Bora Corba??? Sum bila na mnogu koncerti bilo rok, bilo pop, bilo stransko ili domasno no edno nemav videno ( od vremeto na Tose) ; dlabok i ponizen poklon kon publikata nickun na noze dodeka niz tribinata se simnuva Makedonskoto zname!!! Da za pocituvanje e toa drag moj Dr.!!!
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 29.11.2010 11:01:19
Kafanskata pjka Ceca nikogas nema nastapuvano vo Sidnej i Avstralija. Sega i se tokmat koncerti mislam idniot mesec. Bravo Filipe ti si pameten decko, nazalost vo Makedonija takvite kako tebe se brojat na prsti. Selanija....primitivizam....mizerija. tesko na Makedonija.