Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Преживеаните камермани се сеќаваат на нуклеарните проби

Сензационалните слики од атомските проби во Невада
и Пацификот се декласифицирани. Очевидците зборуваат за искуствата кога ги снимале облаците како печурки

До 1963 година Америка детонираше повеќе од 200 парчиња нуклеарно оружје во атмосферата. Снимателите и фотографите што работеа за тајна специјална единица ги снимаа моментите на уништување. Некои од нивните сензационални слики се декласифицирани, а последните очевидци сега го споделуваат нивното искуство.

Атомски проектил со експлозивна моќ од 1,5 килотони ТНТ беше активиран точно над главите на петмина научници на американските воздухопловни сили. Во почетокот тие почувствуваа само топлина од експлозијата. Но, потоа бранот од експлозијата ги фрли на колена. Камерата на Џорџ Јошитаке снимаше постојано.

На 19 јули 1957 година, во седум часот, снимателот стоеше со мала група нуклеарни научници на полигонот Јука Флет во државата Невада. Борбен авион го истрела пректилот на висина од пет километри, што се сметаше за безбедно растојание од земјата. „Јас бев зафатен зад камерите“, се сеќава Јошитаке. „Потоа, со крајот од окото можев да видам како излегува блесок“. Тој погледна нагоре. „ На небото каде што се случи експлозијата имаше огромен облак во форма на крофна“. Единственото нешто што го заштитуваше од паѓањето на бомбата беше неговата безбол-капа.

Јошитаке е еден од неколкутемина што стоеја директно под експлодирачката атомска бомба и што преживеаја. Американецот беше еден од околу 40 фотографи и сниматели од 1.352. фотографска група на американските воздухопловни сили. Нивната мисија беше строго доверлива. Денес Јошитаке (82), конечно, може отворено да зборува за своето искуство. Задачата на специјалната единица беше фасцинантна исто колку што беше и опасна. За да ги снимаат и да се фотографираат американските нуклеарни тестови во пустината Невада и на Јужен Пацифик, смелите сниматели требаше да се распоредат на само неколку километри од центрите на експлозиите.

Меѓу 1947 и 1969 година материјалот беше уредуван за да се снимат над 6.500 кинопроекции во тајно филмско студио во Холивуд Хилс, населба на Лос Анџелес, само неколку километри од светлината на булеварот „Сансет“. Користејќи специјални филмски и брзи камери, снимателите и фотографите ги користеа филмот и фотографските снимки со цел вешто да направат филмски проекции и фотографии. „Тие момци се прекрасни; документираа временски период што беше уникатен и да се надеваме дека никогаш нема да се повтори“, вели американскиот снимател на документарни филмови, Питер Керан (54), кој работи на сторијата за „атомските сниматели“. Керан сака да го зачува историскиот филмски материјал за поколенијата. „Фотографиите се икони на една ера“, додава тој.

Меѓутоа, јавноста никогаш не виде поголем дел од материјалот. „Работата што ја направија овие луѓе беше толку таинствена што долго време никој дури и не знаеше кои се тие“, вели Керан. Дури кон средината на 1990-тите години беа декласифицирани првите фотографии и филмови, благодарение на постојаните напори на снимателот на документарни филмови. Керан патуваше низ Америка, ги пребаруваше архивите и бараше од американското Министерство за енергија да ги објави филмовите и фотографиите. Копии од материјалот сега се чуваат во сиви картонски кутии во визбата на куќата на Керан во Ванкувер, Вашингтон. Нуклеарното оружје стана главен фокус на неговиот живот. „Кога имав 15 години, ја посетив Јапонија со младинската група ЈМЦА. Се случи да бидеме во Хирошима на годишнината од бомбардирањето и гледав филм за уништувањето на градот. Јас бев единствениот Американец во преполната сала со Јапонци. Сите гледаа во мене“, додаде тој.

Снимателот сега живее во Ломпок, Калифорнија, ��еверно од Лос Анџелес. Тој е еден од последните преживеани членови на фотографската единица. Повеќето други починаа многу одамна, главно, од рак. Јошитаке вели дека има повеќе контакти со вдовиците. Од 1955 до 1963 година Јошитаке работеше на програмата за нуклеарно тестирање. „Снимив околу 30 експлозии“, вели тој. „Прекрасните, најспектакуларни беа хидрогенските бомби на Пацификот“. Бомбите вообичаено се детонираа наутро, пред зори, се сеќава Јошикаке. „Ни рекоа да го свртиме погледот при првата експлозија. Неколку минути по експлозијата, можеше да се види тој страшен ултравиолетов блесок високо на небото. Јас мислев дека тоа е толку спектакуларно, толку значајно“, додава тој.

Сликите од Пацификот изгледаа магично, вклучувајќи ги и оние на огнената топка од седум километри, создадена од најсилната бомба „шримп“ што Америка некогаш ја активирала. На 1 март 1954 година бомба од 15 мегатони, дел од операцијата наречена „Кесл браво“, експлодира над коралниот остров Бикини. Деструктивната моќ од експлозијата беше два пати поголема отколку што предвидуваа експертите и направи кратер со дијаметар од два километра на островот. За неколку минути облак како печурка се издигна 40 километри на небото. Целиот архипелаг беше контаминиран од озрачување и до денес е ненаселен.

Снимателите се приближија околу 30 километри од вештачките сонца во Јужен Пацифик. Во пустината Невада Јошитаке и неговите колеги дури се приближија околу осум километри од огнените топки. „Можевме да видиме како ударниот бран се движи низ дното на долината. Се држевме за камерите за да не паднеме“, вели Јошитаке. Неколку секунди по експлозиите, луѓето, исто така, ја почувствуваа топлината од бомбите. Сите чекореа напред. „Бевме млади. За мене, тоа беше само работно место. Дури сега сфаќам колку била опасна работата“, смета тој.

Снимателите барем носеа заштитна облека во мисиите во центарот на уништувањето. Но, кога се судираа со нуклеарни експлозии оддалеку, тие не носеа ништо, освен шорц и маици. „Имавме дозиметри што го мереа нашето озрачување. Тоа беше тоа“, вели поранешниот колега на Јошитаке, Кен Хекман (72), кој помина месеци на Пацификот за да ги фотографира тестирањата. Тој се сеќава колку невнимателно било однесувањето на војската во тоа време: „По детонацијата, бомбардерите ’Б-57‘ секогаш летаа директно низ облакот како печурка за да соберат примероци. Кога авионите повторно слетуваа, тие беа деконтаминирани од луѓето што носеа само гумени чизми како заштита“.

До денес Хекман ги гледа нуклеарните тестови низ очите на фотограф. Блесокот од нуклеарното оружје е десет пати посјаен од сонцето, смета тој. Фотографите треба да носат специјални темни очила за да се спречи оштетување на мрежницата. „Се' станува сјајно бело и веќе нема никаква боја. Кога ќе се повлече првичната светлина, навистина е многу убаво да се гледа“, додава Хекман. Тој се сеќава на работната посета на Хаваи, каде што стоел на вулкан и ја фотографирал колоритната аурора на експлодирачка хидрогенска бомба. Играта на светлата на небото била предизвикана од силното магнетно поле создадено од детонацијата.

Снимателот се надева дека неговото дело ќе служи како предупредување да не се прават нуклеарни тестирања. Но, работата, исто така, го научи една изненадувачка лекција. „Лично, јас помалку се плашам од нуклеарно оружје отколку порано“, вели снимателот на документарни филмови. „Сега знам дека ако експлодира голема хидрогенска бомба на растојание 30 километри од мене, шансите се дека јас, веројатно, ќе преживеам“. (Дер шпигел)


#
Статијата е прочитана 2041 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
За нашите политичари не важи круша под круша паѓа
Во Бугарија има 1.200 болни од сида
Не сум бунтовник, туку сум љубопитна
Пензионерското бесплатно возење кошмар за вработените
Потребен ни е релевантен Филмски фонд
Ја покажаа моЌта под закрила на ноЌта
Федерер како во најдобрите денови
Изгоре од чесност омилената министерка на Берлускони
Акции на странски берзи ќе може, ама кога?
Триумф на Влатко Илиевски и „Среќа“
Владата нема излез од тунелот!
Почина актерот Лесли Нилсен
Ги стимулираме програмерите на „Андроид“ во Македонија!
Северна Кореја се заканува дека ќе има војна
Цеца во сивиот дом
Израелци ја меркаа Струга
Растат сончеви чадори над Севилја
Цеца
Радио Македонија - 40 години радиотатковина
Опасен мит за херој-бизнисмен
ВИП го понуди таблетот „Дел стрик“
Ќерка ја чувала својата мртва мајка во стан еден месец
Седумгодишен штитеник прегазен на пругата во Драчево
 


The influence of Sufi Islam in the Balkans
Mladic situation puts commission opinion on Serbia in doubt
European Parliament discusses Macedonian media freedom