Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Поглед

Цеца во сивиот дом

Катерина Шекеровска

На Скопје му се случува Цеца. И тоа во екот на една од најголемите афери во Србија каде што во секој момент и' се заканува поведување обвинение за проневера на милионски суми преку фудбалски трансфери.

Најголемата српска турбофолк-ѕвезда Светлана Ражњатовиќ, и покрај актуелните случувања во нејзината земја, не ги откажа најавените концерти во Македонија. Не треба многу познавање математика за да се пресмета колку нули се добиваат кога ќе се по��ножат влезниците, кои чинат 800 денари, односно 1.000 денари (стоење и седење) со капацитетот на салата „Борис Трајковски“, кој приближно изнесува 11.000 посетители... И сето тоа да се помножи со два (концерта).

И додека Србија чека завршница на седумгодишната истражна постапка, Цеца во друштво на телохранители си шета низ Скопје. § текна дури и да ги посети децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“. Нејзиното доаѓање многу ги израдува штитениците на оваа установа, кои со денови се подготвуваа како да ја дочекаат својата миленичка, што да и' испеат, подарат, како да се облечат...

Наивна, чиста детска желба - мерак по омилената пејачка. Нема ништо поубаво од тоа да му исполните некоја желба на дете, но не притоа да се злоупотребува. Цеца им дојде на гости, ја сликаа фоторепортерите и се затвори в соба да дава изјави. Децата и учителките останаа да дремат пред врата и да молат да се фотографираат со неа. Во сопствена куќа им ја треснаа вратата пред нос и ги оставија на „блиска“ средба со момци од два метра.

Кај нас, очигледно, може се' да помине. Ние сме демократска земја. Може сите да дојдат и да не' изгазат. Глас нема да пуштиме. Битно е дека Цеца била во нашиот дом.

А тоа како се чувствуваа децата - прашува ли некој?


#
Статијата е прочитана 3128 пати.

Испрати коментар

Од: Meri
Датум: 27.11.2010 13:56:23
Sivi dom e popravitelen dom, a ne za deca bez roditeli. Ne sum znaela deka Cece e svetica
Од: Miolan
Датум: 27.11.2010 18:34:30
Prvo zaprasajte se koj ni ja"natura"Ceca pa ke vi bide jasno.Koj sve i organizira ovde?Koj ja velica po mediumite?Pa Latas i Sitel, koj drug.Koj vo ovaa drzava ima dobri vrski so srpskoto kriminalno podzemje?Singo.Aj da ne nabrojuvam, poznato vi e valjda veke se.
Од: јуле
Датум: 27.11.2010 19:27:53
зошто не сме благодарни за ништо-тука од нашите т.н ѕвезди, што се на чекор од домот не ни помислиле да отидат а ЦЕЦА која навистина го заслужува епитетот ЅВЕЗДА,одвоила од своето слободно време,ги посетила,без разлика колку време поминала и пак упатени критики на нејзината адреса.Себични сме и никогаш нема да се научиме да се радуваме на туѓите успеси.Посетеноста на нејзините концерти насекаде не само во Македонија ја потврдуваат нејзината големина.Додека е жив човек го критикувате а не дај Боже кога умре,го воздигнувате,успех никогаш непризнавате. Цеца ке биде запишана како ЛЕГЕНДА дали тоа некој го сакал и не!
Од: barbiUsa
Датум: 28.11.2010 14:05:21
Pa svetica e zarem ne? Koj toa posol da gi poseti tie deca,a i sto ima vrska toa ako nea ja gonat vo Srbija,taa e eden vid umetnik,dosta so pocenuvanja i ismevanje

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
За нашите политичари не важи круша под круша паѓа
Во Бугарија има 1.200 болни од сида
Не сум бунтовник, туку сум љубопитна
Пензионерското бесплатно возење кошмар за вработените
Потребен ни е релевантен Филмски фонд
Ја покажаа моЌта под закрила на ноЌта
Федерер како во најдобрите денови
Изгоре од чесност омилената министерка на Берлускони
Акции на странски берзи ќе може, ама кога?
Триумф на Влатко Илиевски и „Среќа“
Владата нема излез од тунелот!
Почина актерот Лесли Нилсен
Ги стимулираме програмерите на „Андроид“ во Македонија!
Северна Кореја се заканува дека ќе има војна
Израелци ја меркаа Струга
Растат сончеви чадори над Севилја
Цеца
Радио Македонија - 40 години радиотатковина
Опасен мит за херој-бизнисмен
ВИП го понуди таблетот „Дел стрик“
Преживеаните камермани се сеќаваат на нуклеарните проби
Ќерка ја чувала својата мртва мајка во стан еден месец
Седумгодишен штитеник прегазен на пругата во Драчево
 


The influence of Sufi Islam in the Balkans
Mladic situation puts commission opinion on Serbia in doubt
European Parliament discusses Macedonian media freedom