Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Ќерка ја чувала својата мртва мајка во стан еден месец

Обдукцијата покажала дека жената е убиена со удар од тврд предмет

Непријатна и тешка миризба откри убиство во скопската населба Маџари. Ќерка речиси еден месец ја чувала својата мртва мајка во нивниот стан на улицата „Карл Либкнехт“, во зградата број 67. Од приземјето на двокатницата со недели доаѓала непријатна миризба. Соседите ја чувствувале реата, но никој од нив не помислил за кошмарот што се случувал во нивното соседство. Од полицијата се' уште не потврдуваат дали станува збор за убиство, но резултатите од обдукцијата потврдија – жената починала пред еден месец, како резултат на удар со тап предмет.

Според информациите од полиција, станува збор за 69-годишната Анастасија Караманова, која била пронајдена мртва во својот стан, во кој живеела со ќерка си, 42-годишната Р.К., која имаме психички проблеми. Случајот бил разоткриен по пријава на еден од соседите, кој завчера околу 11 часот се пожалил на многу силна и непријатна миризба што доаѓала од станот. Кога полицијата влегла внатре, го затекнала телото на починатата, кое било во фаза на распаѓање.

Првиот човек на Институтот за судска медицина, Алексеј Дума, вели дека телото на починатата жена завчеравечер било донесено на обдукција. Форензичките анализи покажале дека станува збор за убиство што било извршено најверојатно уште пред еден месец. Толку време жената лежела во станот по убиството, кое според форензичарите било извршено со удар од тап предмет.

Вчера напладне, во моментот кога го посетивме местото каде што била пронајдена мртвата жена, во тек беше увидот од страна на крим–техника на полицијата. Соседите раскажуваат дека жената живеела на приземје на двокатната зграда во скопската населба Маџари. Според нив, починатата била витална жена, и често и среќавале во соседството. Меѓутоа, од пред извесно време, никој од нив ниту ја видел ниту знаел што се случува со жената. Сомнежот пораснал кога почнала да се шири непријатна миризба, која ја забележале станарите, но никој не можел да претпостави што се случува во соседството. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 4809 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
За нашите политичари не важи круша под круша паѓа
Во Бугарија има 1.200 болни од сида
Не сум бунтовник, туку сум љубопитна
Пензионерското бесплатно возење кошмар за вработените
Потребен ни е релевантен Филмски фонд
Ја покажаа моЌта под закрила на ноЌта
Федерер како во најдобрите денови
Изгоре од чесност омилената министерка на Берлускони
Акции на странски берзи ќе може, ама кога?
Триумф на Влатко Илиевски и „Среќа“
Владата нема излез од тунелот!
Почина актерот Лесли Нилсен
Ги стимулираме програмерите на „Андроид“ во Македонија!
Северна Кореја се заканува дека ќе има војна
Цеца во сивиот дом
Израелци ја меркаа Струга
Растат сончеви чадори над Севилја
Цеца
Радио Македонија - 40 години радиотатковина
Опасен мит за херој-бизнисмен
ВИП го понуди таблетот „Дел стрик“
Преживеаните камермани се сеќаваат на нуклеарните проби
Седумгодишен штитеник прегазен на пругата во Драчево
 


The influence of Sufi Islam in the Balkans
Mladic situation puts commission opinion on Serbia in doubt
European Parliament discusses Macedonian media freedom