Технологија вести
ВИП го понуди таблетот „Дел стрик“
Почнувајќи од 22 ноември, ексклузивно на продажните места на операторот ВИП, македонските граѓани можат да го пробаат и купат таблет-компјутерот „Дел стрик“ (Dell Streak), кој претставува најнов тренд на телекомуникациските пазари во светот. „Стрик“ е уред со големина на дланка, наменет за оние што сакаат да биде онлајн насекаде, за оние што користат многу податочни услуги, за оние што имаат потреба од големи податочни брзини во секое време, како и за сите што имаат потреба да сурфаат, да се поврзат и да работат секаде со големи 3G брзини.
Таблетот на „Дел“, кој може да се користи и како мобилен телефон, има капацитативен екран чувствителен на допир со големина од пет инчи (резолуција 800 х 480) и работи на оперативниот систем „Андроид 1.6“, со можност за надградба на верзијата 2.2. „Стрик“ го придвижува снапдрагон процесор од 1 Ghz, има 512 MB рам-меморија и 16 ГБ простор за сместување податоци, со можност за зголемување на меморијата до 32 ГБ со microSD мемориска картичка. Таблетот има и интегрирани детаљни „Гугл“ мапи за навигација, улични и сателитски глетки, интегрирани апликации за социјалните мрежи „Твитер“, „Фејсбук“, „Јутјуб“, камера со висока резолуција од 5 MP, предна камера, вградени можности за поврзување преку Wi-Fi, 3G и Bluetooth.
Услугата Вип таблет е достапна како Вип 3Г Таблет 300 МБ за месечна претплата од 950 денари со вклучен сообраќај од 300 МБ. Со оваа опција цената на уредот изнесува 17.999 денари. Корисниците што имаат потреба од повеќе податочен сообраќај можат да ја одберат Вип 3Г Таблет 2ГБ опцијата, со која добиваат 2 ГБ бесплатен сообраќај за месечна претплата од 1.750 денари. Со оваа опција цената на уредот е 9.999 денари.
HP награден за онлајн-поддршка
HP е признат од страна на независнaта компанија за истражување „Форестер рисрч“како победник на наградите за квалитет „Форестер граундсвел“ во остварувањето на деловните и на организациските цели со општествено-технолошки апликации. „ HP-Корисничкиот форум за поддршка“ е бесплатна интерактивна глобалната заедница, каде што HP- клиентите меѓусебно се поврзуваат онлајн и зае��нички разменуваат идеи, совети и одговори на поставените прашања. Форумот доби признание во категоријата: награда на меѓународните бизнис-корисници: поддршка.
„Ние сме воодушевени од разновидноста и од квалитетот на записите на меѓународните годинашни награди ’Форестер граундсвел‘", рече Елиот Нејт, главен аналитичар во „Форестер“. „Со прифаќањето на социјалната технологија од страна на потрошувачите од цел свет, ’Граундсвел‘ е сега глобален. Финалистите и победниците што ги избравме - вклучувајќи ги и локалните напори на четири континенти и голем број глобални програми - се меѓу водечките во користењето на социјалните алатки што им служат на своите клиенти“. „HP-Корисничкиот форум за поддршка“ е едноставен за навигација, а посетителите сега имаат пристап до повеќе од 460.000 форуми што дебатираат на технолошки теми. Дискусиите се поделени по теми, како, на пример: преносни компјутери, монитори и принтери и овозможуваат пребарувачки способности и напредни функции како обележувачи, RSS feeds и богата мултимедија. |