Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Ја покажаа моќта под закрила на ноќта

Соња Крамарска

Драматична ноќ се случи во Македонија. Национална телевизија беше под налетот на брутални полициски сили. Избезумени новинари, шокирана јавност, вжештени телефонски линии. Веста за упадот во А1 стана предмет на светски интерес. Глобални телевизиски мрежи пренесоа дека полицијата во Македонија врши претрес во една национална телевизија и дека тоа е притисок врз слободата на медиумите.

Сопственик на А1 е Велија Рамковски. Дводецениски, некои велат, сомнителен бизнисмен, кој со помош на медиумите што ги има во сопственост, одбегнува плаќање данок и други давачки кон државата, но и кон своите вработени. Рамковски е легенда на политичката и на социјалната сцена во Македонија. Сите ја коментираат неговата формула за преживување и правење профити. А таа се сведува на едно: владите го сакаат додека неговата телевизија им е наклонета и затвораат очи пред незаконитостите во неговите компании, а веднаш тргнуваат во преглед на неговите деловни книги кога Рамковски и неговите медиуми ќе им го свртат грбот. Тогаш тој се жали на политички притисоци, а Владата, пак, приговара на пристрасност на неговите медиуми.

Ние ги поддржуваме нашите колеги од А1 телевизија и од весниците „Шпиц“ и „Време“, кои беа предмет на полициска обработка завчеравечер. Јавно ја изразуваме нашата вознемиреност и загриженост за иднината на медиумите во Македонија, ако продолжи таквиот тренд на притисок и обид за задушување на јавната критика. Принципиелно застануваме зад слободата на новинарскиот збор и апелираме до Владата да престане со притисоците врз медиумите.

Завчерашната драматична ноќ на местото кое од новинарите од медиумите на Рамковски цинично се нарекува „кванташки пазар“ има најмалку три посебни аспекти. Првиот се матните бизниси на Рамковски, вториот е бруталниот полициски упад во А1 и третиот е личната битка меѓу некогашните содружници Никола Груевски и Велија Рамковски. Сите тие аспекти се обединети во прексиноќешната „ноќ на долги ножеви“ во просториите и во дворот на А1 телевизија.

Се' додека Зоран Ставрески беше редовен гостин на емисијата „Фармер“, Управата за јавни приходи не ја интересираше како Рамковски прави пари. Тој ни тогаш не ги правеше парите на Њујоршката берза. Ги правеше во Македонија, помалку или повеќе со истите методи со кои ги прави и денеска. Со заобиколување на правилата што владеат на медиумскиот пазар и со грубо пазарење со властите.

Ќе видиме дали Рамковски ќе го плати својот долг кон Управата за јавни приходи или, пак, ќе му надомести на Груевски на друг начин. Тонот и начинот на известувањето на А1 отсега, па натаму ќе покажат која од двете варијанти се случила. Дали платил Велија или платила А1.

Но, исто така, ако Владата е принципиелна во фискалното дисциплинирање на медиумските газди, очекуваме даночната полиција деновиве да влезе и кај коалициските партнери на Груевски, кои се сопственици на други телевизии. Ич да не се плашат ако има отпор, нека ја викнат полицијата да им асистира.

Во развиени демократски држави министер за внатрешни работи веднаш поднесува оставка по таков скандалозен упад во независна телевизија. Замислете, Скотланд јард да ги окупираше медиумите на Руперт Мардок во Лондон кога се открија неговите даночни малверзации. Или Барак Обама да ја испрати ФБИ во телевизијата Фокс, која секоја вечер води партиска кампања против него инспирирана од републиканците.

Кај нас, Илија Димоски излегува пред новинари и зборува во име на УЈП. Опасно е кога партија зборува во име на државна институција. Шокантно е да поставите три барикади и десетина полициски одреди околу една телевизија која ја критикува вашата влада. Тоа покажува дека или Владата му се плаши на Рамковски или на сцена стапи провинцијалната желба за покажување сила. Ја покажаа моќта под закрила на ноќта.


#
Статијата е прочитана 3032 пати.

Испрати коментар

Од: ne e bitno
Датум: 27.11.2010 12:10:48
Tocno taka Sonja. Na ovoj tekst bi go dodala i onoj na Mihajlovski od "Vest" i se e kazano. Zalno e do kade ja donesoa Makedonija 2te partii, na krajot ke bide loso za site. Toa e.
Од: tihi
Датум: 27.11.2010 14:25:52
Nacionalna televizija bese pod naletot na brutalni policiski sili !!! I ja sega treba da veruvam vo napisanoto.Pa dobro bre ,slepci li sme nie.
Од: s
Датум: 27.11.2010 15:41:09
pisuvate gluposti,dobro raboti vladata taka se brani drzava
Од: Nikola
Датум: 27.11.2010 15:54:59
Da se oblozime! Seto ova ce stivne za tri dena. Velija ce plati kolku na Grujo i familijata im treba, nekoi novinari ce se preselat vo drugi kuci, nekoi ce bidat pomalku nastojcivi za odgovori i ...Stavrevski pak ce gostuva vo "Farmer". A, narodot? Narodot ce cuva kubura 'za sekoj slucaj"!
Од: Kalimero
Датум: 27.11.2010 18:14:11
Prv natpis koj go procitav ovie denista vo koj se opisuva vistinata za A1. Kade sto se gleda iskrena solidarnost so svojte kolegi novinari i ograduvanje od biznis relaciite na gazdite na mediumite. Samo vo normalni drzavi zakonot vazi za site pod ednakvo, kaj nas toa go nema. Neznam kolku i da broeme sepak nesto ke ispusteme za prerodbenicite kako gi izmestija opstestvenite vrednosti vo Makedonija. Bravo Sonja, ne im obrnuvaj vnimanie na portokalovite komentari oni se za toa plateni, da ja iskrivuvaat vistinata
Од: јас
Датум: 27.11.2010 20:51:50
Благодарам г-ѓо Крамарска..Го обеливте образот на Вашите колеги од Утрински!!! А за tihi i s , Нека ги тргнат портокаловите наочари , кои сега се скроз наскроз ЦРНИ и нека ги погледнат ТВ снимките..ТИЕ СНИМКИ СЕ’ КАЖУВААТ !!!!
Од: Прле
Датум: 27.11.2010 21:43:51
За други не знам,за тебе сум сигурен!
Од: Trpe
Датум: 28.11.2010 01:44:12
ne ja podrzuvam vladata, ama mi se povraka od novinarite na A1, a za velija da ne zboruvam. Tie si zamisluvaat deka so nekolku serii i kvizovi se Gospodari na narodot ??? isto kako narkodilerot sto gi ucenuva zavisnicite !!.. ako ima drzava treba poradi steknatiot monopol na A! nad drugite TV, da go rasturi A! na 2-3 televizii... vo sprotivno imame Diktatura i drzava samo so edna kvazi televizija koja raboti so demagoshko -gebelso-komunjarski metodi... krekaa na ZND a tie site sto ripaa na policijata se upravnici vo fantomskite firmi na velija
Од: Ruza
Датум: 28.11.2010 04:18:16
Vo sekoj pogled akcijata sto bese sprovedena od strana na UJP e za pozdravuvanje i istoto ceslanje treba da prodolzi i ponatamu ,zatoa sto site snaeme deka ima mnogo mnogu firmi vo Makedonija sto rabotaat nezakonsko.samo taka ,na toj nacin moze da se stavi kraj na basibozlukot koj sto vladee vo Makedonija.Samo napred !!!
Од: Goce
Датум: 28.11.2010 05:41:59
Zosto namerno ignorirate nekolku krucijalni fakti: Policijata intervenirase 1) zatoa sto ne be se dozvolen priod vo dokumentacijata na 6 firmi vo istata zgrada vo koja e smestena A1; 2) zatoa sto vraboteni vo A1 pokusavaa da iznesat dokumentacija od zgradata; 3) A1 povikuvase "narod" da i se sluci na vladata, bez da objasni na gledacite deka tamo ima inspekcija od UJP, sto mozese da zavrsi mnogu potragicno da ne bea specijalcite; 4) vo prostoriite na A1 se registrirani 40 drugi firmi, sto ja pravi situacijata nevozmozna za sproveduvanje kontrola bez da se izvrsi upad vo A1. Vo ovoj slucaj nemozese da ima efikasna kontrola i vo isto vreme da nema asistencija od policijata. Ako nemase policija UJP nemase da si ja zavrsi rabotata.
Од: пецо
Датум: 28.11.2010 08:10:31
Жалосна Македонија политикака курва новинарството проституција
Од: Ставрос
Датум: 28.11.2010 09:32:29
Јавно беше кажано дека УЈП НЕ вршела финасиска контрола во А1 телевизија, туку во неколку други фирми! Зошто персоналот на А1 телевизија безобразно ги извртува работите! Зошто ја прекина редовната ТВ програма, а камерите ги фпери кон полицајците. Факт е дека за ваквиот развој на настаните големо влијание има и власта, односно нејзините институции, но НЕ со контролата, туку со претходните смрдливи работи со А1 ТВ и останатите фирми на Рамковски. Инаку, директотот на А1 ТВ треба да сноси одговорност затоа што дава лажна информација до јавноста дека е направен упад и контрола во телевизијата со која Тој раководи.
Од: cane sokolovski
Датум: 28.11.2010 09:37:08
И нека чува, Никола, друго нема
Од: mitko
Датум: 28.11.2010 10:07:59
Ovaa vlada mora da zamine od Makedonija,ova sto go manifestira e samovolie i anarhija!!!
Од: sime
Датум: 28.11.2010 11:58:18
Ova reakciija na javnosta prvpat se slucuva vo Makedonija i e za pozdravuvanje.Narodot i novinarite ja braneja svojata sloboda a kakvi se relaciitee Gruevski Ramkoski poinakov treba da e pristapot,civiliziran.Ministerkata Jankuloska ja utna.
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 28.11.2010 12:00:04
Силни се!Нема што!Вообичаено силата е во диспропорција со разумот!
Од: Stojko
Датум: 28.11.2010 12:57:41
Do "s": Kako se brani drzava , pokazavme vo 2001, a sega so tie od suma vladata sproveduva diktatura!
Од: Ljupco
Датум: 28.11.2010 20:04:43
Komentarot e OK. Po vcerasnoto ludilo na A1, denes novinarite glumat drugo ludilo. Sega tvrdat deka upadot bil vo Vreme, Spic i Koha iako vcera gi snimaa inspektorite i na nitu edna vrata ili prostorija ne vidovme natpis so nazivot na dnevnite spisanija. Kako i da ja gubat doverbata na gledacite. Samo so objektivni komentari se steknuvaat gledaci ili citateli
Од: Marija
Датум: 29.11.2010 02:36:44
Текстов го прочитав дури двапати за да се уверам дали некаде барем меѓу редови стои поддршка за она што го работат институциите.Но, за жал не ја пронајдов.Просветлете ме.Во А1 имало УПАД!!!Страшно.Па ако имало упад како тоа имаа програма во живо,со неброени гости кои се менуваа на столчињата како печурки да никнуваат.Опишете ми како полицијата, УЈП и финансовата полиција да влезе во фирмичињата т.е. цитирам: ,,мали дуќанчина,, ако патот до нив води преку влезот на А1.Умен Велија.Дуканчина во простории на телевизија и никој ништо не ми може.Кој и да влезе ќе биде упад,нели?Јанкуловска да си поднесе оставка?Полицијата уби некого?Полицијата беше брутална кон некого?Секоја чест на новинарките кои се обидоа добро да изглумат,ама и за тоа има награда,се вика Златна малина.Вратете го филмот,и погледнете кога Андреј петров влегува во А1,како една маса народ се обидува да влезе насила во телевизијата.И за крај-Каде е вашата осуда за повикот на опозицијата за линч и кршење кичми.
Од: ivana
Датум: 29.11.2010 09:42:09
evidenten dokaz deka sme policiska drzava ,e upotrebata na specijalci vo redovna kontrola koja rabotela od sabajleto,pa so kogo rabotele denta sto gi viknale specijalcite posle 18 casot,mnogu nelogicnosti se pokazaa kako kompletno nepoznavanje na postapkite i zakonite koi veke nikoj ne gi pocituva ,pa ni direktorot na UJP goran trajkovski koj pusel celo vreme vo sluzbenite prostorii.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
За нашите политичари не важи круша под круша паѓа
Во Бугарија има 1.200 болни од сида
Не сум бунтовник, туку сум љубопитна
Пензионерското бесплатно возење кошмар за вработените
Потребен ни е релевантен Филмски фонд
Федерер како во најдобрите денови
Изгоре од чесност омилената министерка на Берлускони
Акции на странски берзи ќе може, ама кога?
Триумф на Влатко Илиевски и „Среќа“
Владата нема излез од тунелот!
Почина актерот Лесли Нилсен
Ги стимулираме програмерите на „Андроид“ во Македонија!
Северна Кореја се заканува дека ќе има војна
Цеца во сивиот дом
Израелци ја меркаа Струга
Растат сончеви чадори над Севилја
Цеца
Радио Македонија - 40 години радиотатковина
Опасен мит за херој-бизнисмен
ВИП го понуди таблетот „Дел стрик“
Преживеаните камермани се сеќаваат на нуклеарните проби
Ќерка ја чувала својата мртва мајка во стан еден месец
Седумгодишен штитеник прегазен на пругата во Драчево
 


The influence of Sufi Islam in the Balkans
Mladic situation puts commission opinion on Serbia in doubt
European Parliament discusses Macedonian media freedom