Израелци ја меркаа Струга
(29.11.2010г.-09:42ч.) Неколкумина бизнисмени од Израел беа во посета на Струга, каде со помош на локалната власт и Агенцијата за промоција и подршка на туризмот разгледаа десетина потенцијални локации, каде би можеле да инвестираат. Домаќините се надеваат дека ќе биде изграден барем еден хотел. Израелците изразиле задоволство од локациите и најавиле нова посета во февруари, а друштво ќе им прави и претставник на голема туроператорска агенција, која ќе помогне да се обноват чартер летовите од Тел Авив до Охрид, кои беа прекинати во јуни годинава.
|