Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Ана Стојановска

Не сум бунтовник, туку сум љубопитна

Да можам да патувам секогаш кога ќе посакам и да можам да живеам низ цел свет на одредено време е моја најголема желба. Никогаш не би си ја напуштила татковината засекогаш. Сепак, таму сум родена, таму ми е детството, таму ми е приказната

Јасминка Павловска

Насмевка врамена во палавата кадрава коса е препознатлив имиџ на младата актерка Ана Стојановска. Сета нејзина појава асоцира на девојка со авантуристички дух. Дека впечатокот не е лажен докажа и со своето учество минатата година во реалното шоу „Преживеан“. А дека е урбана девојка што живее во ритамот на глобализацијата покажува со својата страст кон моторите и патувањата. Актерската приказна, би можело да се каже, и' е во аманет од семејството (ќерка на Силвија и Ненад Стојановски, внука на Ацо Јовановски), но таа вели дека за актерството не се одлучила поради семејната традиција, туку оти тоа е единствено што го сака и знае да го работи. И додека во родната Македонија се актуелни нејзините ликови во филмот „Мајки“ и серијата „Од денес за утре“, Ана Стојановска е веќе на нова задача во Њујорк.

Во време кога во Македонија треба да уживате во плодовите на славата од својата работа на филм и за телевизија („Мајки“ и серијата „Од денес за утре“) , Вие побегнавте во Њујорк? Која е причината за Вашиот престој во Њујорк?

- Уживам кога работам. Отидов во Њујорк за да го завршам новиот проект што го почнав во Софија. Тоа е дипломски долгометражен филм на режисерката Кристина Николова, студентка на универзитетот за филм „Тиш“ во Њујорк. Тоа љубовна драма што наскоро ќе може да се види в кино.

Снимањето заврши и сега сум среќна туристка во најегзотичниот град на светот.

Друга причина што останувам во Њујорк е да ја посетам мојата најдобра другарка Катарина, која работи како модел и живее тука веќе пет години.

Среќна сум што имам вистински пријатели.

Уште во почетокот на кариерата Ви се случуваат проекти, филмски и телевизиски, со интернационален предзнак. Тоа е резултат на Вашиот авантуристички дух, или едноставно таква Ви е актерската ѕвезда?

- Не знам! Среќа, најверојатно, иако не верувам во случајности. Но, немам конкретно објаснување.

Со оглед на тоа дека потекнувате од актерско семејство, некако природно беше доживеан Вашиот афинитет кон актерството. Но, сепак, оставате впечаток на бунтовна девојка со авантуристички дух. Што претежна во Вас, за во професионалниот избор да надвладее семејната традиција пред младешката бунтовност и желбата за откривање нови интереси?

- Тоа не е бунтовност, повеќе е љубопитност. Можеби и затоа се запишав на ФДУ порано, па морав во една година да учам четврта година од средното училиште и прва година од факултетот. Убавината е што секогаш можеш да откриваш, да правиш истражувања, да запознаваш интересни луѓе.

Не се занимавам со актерство за да ја исполнам семејната традиција, туку затоа што тоа е единствено нешто што знам да го правам.

Во серијата „Од денес за утре“ имате улога на модерна девојка, Калина, која не сака да ја напушти Македонија. Каква е приказната на Ана во однос на тоа прашање? Дали и со каква причина би заминала од Македонија?

- Тоа ти е како храна, ако јадеш секој ден ист оброк се презаситуваш. Колку повеќе сум креативна во животот, колку повеќе стекнувам искуство, запознавам нови места, луѓе, различни култури толку повеќе ќе можам сето тоа да го вградам натаму во ликовите што ќе ги играм. Затоа мислам дека авантурата доаѓа заедно со професијата што си ја избрав за себе.

Да можам да патувам секогаш кога ќе посакам и да можам да живеам низ цел свет на одредено време е мојата најголема желба. Никогаш не би си ја напуштила татковината засекогаш. Сепак, тука сум родена, тука ми е детството, тука ми е приказната.

Би прифатиле ли повторно авантура од типот на „Преживеан“?

- Кога се вратив од островот бев сигурна дека никогаш, ама никогаш не сакам повторно да го доживеам тоа. Меѓутоа, со група пријатели, кибрит, шатор и храна, ДА, би направила таков излет. И тоа е следното што сакам да го направам - да одам во Африка, на Мафија ајсланд.

Убаво е чувството да избегаш од се', од ѕидовите, од градската врева. Да најдеш време кога ќе можеш да размислуваш со бистра глава. Ние луѓето сме многу слични со животните кога немаме храна, облека, кревет, пари... И јас го сакам тоа чувство. Те прави секој ден вистински активен. Ги изоструваш сетилата. Разбираш дека, всушност, „не можам, не сакам, ме мрзи“ не постои. Се' треба да направиш сам.

Од работа, секојдневни глупости, забораваш дека таму надвор има еден цел поинаков свет. Да се претопиш со природата, макар и на кратко, те прочистува духовно.

Кога би престанале да возите мотоцикл?

- Тогаш кога ќе купам олдтајмер „јагуар Ј“.

И неизбежно прашање за млада девојка со амбиции: имате ли некаков зацртан план за својата кариера, живот... или оставате работите да Ви се случуваат спонтано?

- Сакам да оставам работите да се одвиваат спонтано, меѓутоа, секако, дека имам една крајна зацртана цел. Е, сега патот не го знам, но во тоа е најинтересниот дел од животот. Најубава авантура е ако дозволиш тој да ти се случува. Па, ако се случи да успеам во некоја цел, ќе си смислам нова, и нова, и нова... Не се плашам да сонувам и од тоа што следува знам дека ќе биде убаво.


#
Статијата е прочитана 2901 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
За нашите политичари не важи круша под круша паѓа
Во Бугарија има 1.200 болни од сида
Пензионерското бесплатно возење кошмар за вработените
Потребен ни е релевантен Филмски фонд
Ја покажаа моЌта под закрила на ноЌта
Федерер како во најдобрите денови
Изгоре од чесност омилената министерка на Берлускони
Акции на странски берзи ќе може, ама кога?
Триумф на Влатко Илиевски и „Среќа“
Владата нема излез од тунелот!
Почина актерот Лесли Нилсен
Ги стимулираме програмерите на „Андроид“ во Македонија!
Северна Кореја се заканува дека ќе има војна
Цеца во сивиот дом
Израелци ја меркаа Струга
Растат сончеви чадори над Севилја
Цеца
Радио Македонија - 40 години радиотатковина
Опасен мит за херој-бизнисмен
ВИП го понуди таблетот „Дел стрик“
Преживеаните камермани се сеќаваат на нуклеарните проби
Ќерка ја чувала својата мртва мајка во стан еден месец
Седумгодишен штитеник прегазен на пругата во Драчево
 


The influence of Sufi Islam in the Balkans
Mladic situation puts commission opinion on Serbia in doubt
European Parliament discusses Macedonian media freedom