Број 3443  сабота, 27 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Јубилеј

Радио Македонија - 40 години радиотатковина

Во време кога е модерно да се употребуваат зборови без превод, програмата Радио Македонија - Глас на татковината на Македонското радио слави 40 години во етерот и верува во моќта на радиото

Јасминка Павловска

„Гласот, јазикот, тоа е првата „персонификација“ за татковината“ - ги изнесува првите аргументи Вангел Божиновски, новиот уредник на програмата „Радио Македонија“, за одбележување на 40-годишнината од постоењето на програмата за иселениците на Македонското радио, која во четиридецениското постоење од „Гласот на татковината“ се преименуваше во „Радио Билјана“ за денес да се нарекува „Радио Македонија“. Иако именувањето на програмата ги следело потребите за редизајн и освежување што ги наметнува динамиката на новинарската професија, она што започна како „Гласот на татковината“ (а денес е „Радио Македонија“) и натаму ја има истата мисија - да воспоставува контакт со Македонците во дијаспората.

„Фокусот на програмата е насочен кон едукација и пропагирање на македонските вредности за нашинците што судбината ги одвела далеку од нашата татковина“, вели уредникот Божиновски. Во текот на овие четири децении од постоењето на оваа програма се менува и структурата на дијаспората. Веќе има различни генерации, со поинакви погледи на светот и на потеклото, а времето ја истенчува и врската со корените. Нашата мисија е да ја зацврстиме таа врска, со вистини пренесени со изразот на новото време. Навистина денес постојат многу медиуми и комуникацијата е полесна од 1970 година кога е создадена „Гласот на татковината“, но „Радио Македонија“ настапува со свој концепт што инсистира на докажани вредности. И за разлика од другите медиуми, ова радио настапува како научна институција, каде што јазикот што се употребува без исклучок е литературен и лекторски филтриран - категоричен е Вангел Божиновски.

Почетокот на „Гласот на татковината“ е реализиран на 29 ноември 1970 година, значи за време на еден од најважните празници во некогашната Југославија. Првичната замисла за две и полчасовна емисија, двапати неделно, набргу е трансформирана со секојдневна емисија од 15 минути. Првите емисии биле работени со сценарио и режија. Од 1993 година оваа емисија што им се обраќа на нашите сонародници низ светот започнува со водителство во живо. Освен контактот со дијаспората, „Радио Македонија“ емитува и емисии на српски, бугарски, албански и грчки јазик за нашите сонародници што живеат во соседството. Оваа програма се емитува на средни бранови, од 18 ч. до 5 ч. наутро. Денес програмата ја прави екипа од 13 професионалци со долгогодишно искуство во новинарската работа.

„Со најновото редизајнирање на програмата, со воведување на рубриката „Историски вистини“, сакаме да им дадеме аргументи во дискусиите на нашите иселеници, кои се во непосреден допир со грчката дијаспора“, инсистира Божиновски. Во оваа рубрика се изнесуваат научни факти за Македонија, главно, од немакедонски автори, во голем број грчки (навистина до 70-тите годините на минатиот век), кои зборуваат дека античките Македонци се различни од атинците. Со емисиите во кои се зборува за наследството поврзано со градителството, за некои малку познати вистини, како на пример, дека свети Климент бил и градител, кој во канонот на градителството го вовел триконхосот (градби во вид на трислина детелинка), сакаме да укажеме дека културата и писменоста на овие простори била систематизирана уште од одамна, а не донесена од некаде. Сето тоа е многу важно за нашите иселеници, но и за нас што живееме тука, во Македонија, за сигурноста во нашиот идентитет. Зашто неедеинството потекнува од нашето мало знаење за минатото“, вели Вангел Божиновски.

На денот на 40-годишнината, во студиото М1 на Македонското радио, работно ќе биде одбележан јубилејот. За овој јубилеј екипата на „Радио Македонија - Гласот на татковината“ направи ЦД со снимки од судбини на луѓе, како и интервјуа со интелектуалци од сите сфери на животот, кои оставиле белег низ годините на постоењето на оваа програма. Автор на цедето, наречено „Историја на македонскиот народ - книга прва“ е Мојсо Мојсовски, соработник Владо Димовски, а музичката илустрација на Кокан Димушевски и Билјана Николовска.


#
Статијата е прочитана 963 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
За нашите политичари не важи круша под круша паѓа
Во Бугарија има 1.200 болни од сида
Не сум бунтовник, туку сум љубопитна
Пензионерското бесплатно возење кошмар за вработените
Потребен ни е релевантен Филмски фонд
Ја покажаа моЌта под закрила на ноЌта
Федерер како во најдобрите денови
Изгоре од чесност омилената министерка на Берлускони
Акции на странски берзи ќе може, ама кога?
Триумф на Влатко Илиевски и „Среќа“
Владата нема излез од тунелот!
Почина актерот Лесли Нилсен
Ги стимулираме програмерите на „Андроид“ во Македонија!
Северна Кореја се заканува дека ќе има војна
Цеца во сивиот дом
Израелци ја меркаа Струга
Растат сончеви чадори над Севилја
Цеца
Опасен мит за херој-бизнисмен
ВИП го понуди таблетот „Дел стрик“
Преживеаните кам��рмани се сеќаваат на нуклеарните проби
Ќерка ја чувала својата мртва мајка во стан еден месец
Седумгодишен штитеник прегазен на пругата во Драчево
 


The influence of Sufi Islam in the Balkans
Mladic situation puts commission opinion on Serbia in doubt
European Parliament discusses Macedonian media freedom