Мара Карфања
Изгоре од чесност омилената министерка на Берлускони
Со студен презир во Лисабон, Силвио Берлускони ја одбил секоја помисла дека би можело да го погоди тоа што Мара Карфања (34) најавила дека иако ќе гласа за доверба на неговата Влада, каде што беше министерка за рамноправност, веќе следниот ден ќе отстапи од Владата, но и од владејачката партија Народна слобода.
Карфања се разбеснела кога дознала дека Никола Косентино, реонскиот шеф на таа партија во Кампања (а до неодамна и државен потсекретар, кој морал да даде оставка зашто е обвинет за корупција), успеал да издејствува лично кај Берлускони да измени дел од Законот за државен буџет, кој на претседателот на Кампања, Стефан Калдоро, му дава овластување да изгради две спалилници за ѓубре. Таа област буквално се задушува во ѓубре, а најмногу од сите нејзиниот повеќемилионски главен град Неапол.
Отпадот е голем бизнис, во кој кога може се вмешува и мафијата. Во Неапол и околината многу е силна „камора“ тамошната мафијашка организација. Се вмешуваат и политичарите, како и во сите работи на државни јасли, со кои можат да ги задоволат апетитите на своите следбеници, бивши и идни избирачи, но, секако, да ги задоволат и своите апетити. Тие две спалилници значат 150 милиони евра инвестиција, што е мрсен залак.
Ѓубрето во Неапол се собираше, се гореше со ноќи и послужи како повод за уривачкото дивеење на камористичите вандали пред три години. Берлускони поентирал токму на тоа, уривајќи ја владата на Проди и градејќи ја својата победа во 2008 година. Првите седници на Владата ги одржа во Неапол, покажал дека се' може да се реши за еден месец. Како? Ги отворил веќе преполните и затворени депонии, некои и во националниот парк Везув, транспортот го даде во рацете на носителите на приватни интереси и вети системско решавање за една година. Сега ниту во тие депонии не може веќе ни игла да се вдене.
Уверена дека Косентино и неговите се заинтересирани само за заработувачка и дека во партијата се „води војна на банди“ (како што кажала јавно), Карфања го вложила сиот свој углед за решението да биде чесно - и изгорела. Помислила дека навистина е министерка, дека има некој личен углед и дека не е во рацете на Берлускони. Тоа, очигледно, било - илузија.
Мара Карфања сосема сигурно беше најозборуваната министерка во владата на Берлускони, иако се чуваше од јавни скандали. Во јавноста настапува строго, речиси намуртено, секако, без вербални и други ексцеси, па на одреден начин дури и студено. Значи не јава, барем директно, на славата на својата претполитичка кариера. Карфања била финалистка во натпреварот за мис на Италија во 1997 година, позирала за секси-календарот на ревијата „Макс“. Сепак, одбила да глуми гола во некој филм на Тинто Брас, изјавувајќи во некое интервју дека е „срамежлива и дека верува во одредени вредности“. Од 2000 до 2006 година, како помошничка на Давиде Менгаси, ја водела телевизиската програма „Недела на село“, а се обидела и во некои други водителски води.
Токму таква, „срамежлива“ и верна на традиционални вредности, била првиот клин забоден во бракот на Силвио Берлускони, со неговата втора сопруга, Вероника Ларио. Во јануари 2007 година, на доделувањето на наградите „Телегато“ (италијански „Еми“), тогашниот водач на опозицијата, Силвио Берлускони, бил доволно смел јавно да и' каже пред камерите и микрофоните: „Да не бев веќе женет, веднаш би се венчал со вас“.
Берлускони своевремено му пререкуваше на Бруно Веспи зашто им даваше политички позиции на своите бивши љубовници, односно на жените на кои имал аспирации.
Се тврдеше, детално и непристојно, со што ја заслужила министерската позиција Мара Карфања. „Одговорните должности им ги предложив само на жени со морален, интелектуален, културен и професионален профил на високо ниво“- индигнирано одврати Берлускони. Со тоа имплицитно и самиот потврди дека на таа позиција не би била некоја жена што би му се предала. А Карфања е избркана зашто се осмелила тврдоглаво да покаже дека има морален профил. (Ј.П.) |