Пелагонија ќе се чисти од мини
Битола - Невладината организација „Стоп НУС“ од Битола потпиша Меморандум за соработка со пелагониските општини Новаци и Могила за едукација на населението за расчистување на теренот од неексплодирани убиствени средства. „Потребно е да го расчистиме теренот, бидејќи само лани на подрачјето на Битола се откриени над 700 неексплодирани гранати и бомби од двете светски војни“, вели Коста Поповски, деминер.
„Стоп НУС“ за реализирање на своите активности доби на подарок теренско возило „питсгауер“ од Здравствениот дом во Битола. (А.Б.) |