На пригодна свеченост вчера на Универзитетот на Југоисточна Европа, попознат како Штулов универзитет во Тетово, беа промовирани две генерации апсолвенти: првата генерација со тригодишно школување според Болоњската декларација и четвртата генерација со четиригодишни студии. На над 1.600 апсолвенти на Педагошкиот, Правниот, факултетите за јавна и бизнис- администрација и комуникациски науки и технологија им беа врачени сертификати за апсолвенти. „Вие сте нова генерација која се подготвувавте да се соочите со предизвиците на современиот развој и интеграцијата“, им порача академик Алајдин Абази, ректор на Универзитетот. На присутните им се обрати и американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ, која го пренесе задоволството на американскиот народ што заедно со европските пријатели пред седум години го поддржале основањето на овој универзитет. (Г.Е.)
A be totalna konfuzija. Apsolventi i Becelor Degri. Razlika e kako Bog i Secirzija.. Toj Univerzitet vo Tetovo, somnevam ,deka e akreditovan vo Sofija, vo Belgrad sigurno ne, moze bi vo Tirana?? Vo Amerika Lugje od golem autoritet odat da gi pozdravat Graduate Student s , Ama za Golema Nadnica. naj evtina e 50.000$. Sto nekogas rece CKALJA Pa sad Ti vidi?
Од: jimmy1
Датум: 07.06.2008 10:39:51
Avaj e isto kako Pristinskiot. imas pari kupuvaj diplomi.
Од: ida
Датум: 07.06.2008 17:13:54
epa imajte i viepari pa kupetesi....kolku pari tolku muzika