Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Камионите од Блаце заминаа за Косово наместо кон Бугарија

Неофицијално, бугарските власти најавиле оти нема да го пропуштат товарот

Деспина Трајковска

Шестдневната тензична ситуација на граничниот премин Блаце, барем привремено, заврши. Трите камиони што пренесуваа опасна, лесно запалива материја вчера околу 15 часот заминаа кон Косово и покрај тоа што се очекуваше тие да транзитираат низ државава на патот до Бугарија, односно крајната дестинација - Иран. Токму поради неопходниот транзит низ Македонија нашата Влада постави услов пратката во камионите да се препакува соодветно, акција што косовските власти завчера и ја спроведоа. Неофицијално, камионите не се упатиле кон источниот сосед, бидејќи бугарските власти најавиле дека нема да дозволат нивен транзит поради пратката која предизвика неколкудневна панична атмосфера во нашата држава. Владиниот портпарол Ивица Боцевски вчера не сакаше да ги коментира овие сознанија, единствено посочи дека е најбитно тоа што трите камиони веќе не се наоѓаат на меѓуграничниот простор на Блаце. Конечно, се нормализира и циркулацијата на граничниот премин, кој во изминативе денови во неколку наврати беше целосно парализиран поради блокади на мештаните.

„Апсолутно не не' интересираат тие муабети, а тврдам дека ни малку нема вистина во нив. Тоа за што треба сите да се информирани е дека камионите не се наоѓаат на Блаце. На крајот на краиштата, косовските власти ги презедоа камионите, како и одговорноста за препакувањето на материјата и понатаму целата процедура ќе си ја водат тие“, изјави вчера Боцевски ,кој како и во изминативе шест дена повтори дека не е регистриран случај на затруени лица од испарувањето на течноста која, сепак, делумно истече од камионите. Десетината гранични полицајци за кои некои медиуми јавија оти добиле симптоми на труење, биле хоспитализирани како дел од рутинските превентивни контроли, посочи Боцевски. Задоцнето, дури четири дена откако камионите заглавија на меѓуграничниот простор помеѓу Македонија и Косово, надлежните институции дадоа официјални информации за составот на течноста. Таа содржела диметил-дисулфид и диметил-сулфид и била лесно запалива доколку не се наоѓала во соодветна амбалажа. РЗЗЗ соопшти дека врз основа на анализата на течноста со непријатна миризба биле идентификувани шест компоненти, од кои потенцијална опасност по здравјето и безбедноста ја носела хемикалијата диметил-сулфид. При многу високи концентрации, таа хемикалија може да предизвика отровни ефекти, изразени со надразнетост на очите и со кожни промени, како и проблеми со дишењето. Од РЗЗЗ потенцираа дека диметил-дисулфидот е супстанција што може лесно да се запали под влијание на висока топлина, искра или пламен доколку не е соодветно спакувана. Инаку, нашите власти не сакаат да ги коментираат информациите во врска со апсењето на нарачателот на пратката, извесниот бизнисмен од Косово. Тој, пак, како што изјави претставникот на Косовскиот заштитен корпус, полковник Скендер Хоџа, пред неколку дена бил уапсен.

Вчера Македонското здружение за заштита при работа укажа во иднина работодавците навремено да ги информираат вработените за секој вид ризик на работното место, а не како во случајов со Блаце кога, според МЗЗПР, полицајците и царинарнци предолго биле изложени на штетната пратка. Во таков случај, вработените можат да одбијат одговорност, додаваат од организацијата.


Статијата е прочитана 648 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Матурантите во трка со времето да ја положат матурата
Градот ги оштети лозјата во Тиквешко
Промовирани апсолвентите на Штуловиот универзитет
„Нова“ ќе ја промовира осмата генерација матуранти
Пелагонија ќе се чисти од мини
Швајцарска помош за болницата во Јасеново