Радовиш - Преговорите меѓу Македонската православна црква и Српската православна црква ќе продолжат кога ќе се најде вистинското решение, потенцира поглаварот на МПЦ господин господин Стефан, по чествувањето на празникот Свети Спасо Радовишки во Радовиш.
„Сигналите за преговори се постојано присутни, но кога ќе се најде вистинско решение за разговори, тогаш ќе продолжат. Моментално сигналите се многу стари и од поодамна дадени“, изјави г.г. Стефан. Поглаварот на МПЦ ја појасни и дадената изјава пред две недели, во која велеше дека поради високите температури не е сега вистинското време за преговори со СПЦ.
„Вистинската температура не е оваа што е летна, туку некоја друга температура, која верувам дека ја разбирате. За разговори се потребни и расположение и прифаќање од двете страни. Македонската православна црква од поодамна писмено се обрати за тие разговори и го чека одговорот и верувам дека ќе дојде во брзо време“, рече тој.
На новинарско прашање дали ќе се помират и ќе се усогласат недоразбирањето меѓу владиците Тимотеј и Петар, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, посочи дека не верува оти има некои посебни недоразбирања и потреба тие да се надминат. „Веројатно кога ќе се сретнат, ќе се видат и ќе бидат надминати и верувам дека тоа и така ќе биде“, вели г.г. Стефан. (МИА)
Ova vece stanuva za potsmev. Stefan so negoviot silen intelektualen kapacitet :) gi mafta novinarite i javnosta so vakvi nebulozni izjavi, posle sto doagja do opstonarodno zatapuvanje. I site klimaat so glavite. MPC stanuva simptomaticno ljut totalitarizam.
Од: МАкедонска црква
Датум: 23.08.2010 08:05:32
Макед јазол стр 39. Макед автокеф црква имаше самостојност од 1020 до 1767г кога им појде на Грците да го наговорат султанот Мустафада ја распушти Охр арх. Традицијата продолжи низ песни приказни обичаи. Грција денес предлага да се даде името Охр арх со што името Македонија се губи засекогаш како главно обележје на македонскиот народ. Со тоа фикцијата дека античк Макед од Сев Грција биле одсекогаш Грци ја продаде на светот. А Грци во егејска немало до 1913.
Од: Аристид
Датум: 23.08.2010 08:29:14
Во народот постои она народна ..Кој чека , дочека или се пак начека и не дочека. И незнам сега Г: Г: со које одредба ке се соживее, дали со првата или со втората .Али да би се сретнал со прватаќе треба да почека да го снема Хиландар, Зејтинлук, Крф и Видо, Кајмакчалан и сеќавањето на Брегалничката битка. Па после тоа ќе почека Бугарија да се откаже од Пиринскиот дел на Македонија, а Грција од Егејскиот.. И тоа пак зависи од тоа дали Вранишкоски, роднината на дедото Петар Карески ке се од рече од архиепископската титула која веќем муја признава целиот православен свет..