Ревизија на сите одобрени учебници што моментално се применуваат. Ревизијата на учебниците од прво до петто одделение ќе ја направат педагошките факултети во Скопје, Штип, Битола и во Тетово, а ревизијата на останатите учебници од основното образование ќе ја направат Националната комисија за учебници, Бирото за развој на образование и експерти од факултетите во Македонија, професори и доктори на науки. Ревизијата на сите учебници ќе биде направена во рок од 30 дена по формирањето на тимовите за ревизија.
Ова завчера го соопшти министерот за образование и наука, Никола Тодоров, и додаде дека оваа одлука била донесена на вонреден состанок по негово барање пор��ди настанатата ситуација со учебниците и учебникарството во Македонија. На состанокот присуствувале претставници на Националната комисија за учебници, Педагошката служба и Бирото за развој на образованието.
„Ревизорните тимови ќе почнуваме да ги екипираме од понеделник, и тие ќе бидат формирани до кр��јот на неделата“, рече Тодоров.
Донесена е одлука да се изврши и јазична лектура на сите учебници од страна на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“- Скопје, исто така, во рок од 30 дена.
На состанокот, како што рече Тодоров, донесен е заклучок Министерството за образование и наука да предложи до Владата законски измени на Законот за учебници за основно и за средно образование.
„Значително зголемување ингеренции на Националната комисија за учебници и овозможување на оваа Комисија на своите седници да расправа за рецензиите на учебниците, да ги прифаќа или да ги отфрла, како и да може да го распушти рецензентскиот тим и веднаш да формира тим за суперрецензија“, рече Тодоров.
Министерот Тодоров информира дека се договориле и за критериумите за тоа кој може да биде автор на учебник. „Автор на учебник не може да биде лице што нема минимум десет години искуство во предавање на предметот по кој се прави учебникот. Покрај останатите услови предвидени во законот, како и да има високо образование и да биде магистер или доктор на науки“, истакна Тодоров.
На состанокот е донесен и заклучок за предложување законски измени во однос на критериуми што треба да исполнува рецензентот. Едногласно беше усвоено, како што рече Тодоров, претседателот да биде доктор на науки, да биде професор на еден од факултетите, а другите двајца членови да бидат професори по конкретниот предмет, во основно или во средно образование. (МИА)
A da dadese ovoj jadnikov ostavka?Ucebnicite ne cinat,sekoj den rodilki umiraat,brodovi vo Ohrid ne plovat od strav da ne udavime nekogo...Sto voopsto funkcionira vo zemjava?Vazno za frlanje lopati prvi se.
Kako ne vi e sram,imate li obraz voopsto?
Од: Трпе
Датум: 23.08.2010 07:47:07
Уште една врека со товатр,врз плеките на обичниот граганин.Сигурно непотребните трошоци,министерството ке ги надополни од сопствениот џеб.Јадниот народ уште може да трпи,некои несовесни грешки тој мора да ги плака.
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 23.08.2010 07:53:29
Nasite stari rekle-so deca ne se sadat krastavici..se krivi ke ti niknat...I navistina ucebnikarstvoto stana vnosen biznis...vo koj se vkluci i koro i sakato...pak taka bi rekol narodot...A ova posle svadba tapani...decata povtorno bez ucebnici...Kako i se ...rabotava e za nikade...A nikoj da odgovara????Znaenjeto e sila ,znaenjeto e mok???Znaat li sto e znaenje???
Од: jarni
Датум: 23.08.2010 08:24:56
Ocigledno nekoj si ja raboti rabotata a nekoj petokolonas(i) pluka po drzavni institucii so naracani komentari i se zatskriva zad sinonimi dobro poznati po site vesnici
Од: sneska
Датум: 23.08.2010 09:53:11
Ova e po smrt bolest. Se izgubi vreme vo objasnuvanje sto e odgovornost, a sto vina. Nisto ne funkcionira kako sto treba. Da ima malku doblest, ke si dade ostavka, se razbira otkako ke sredi toa sto trebase odamna da bide sredeno, a ne vo 5 do 12. Uste e dnas se dokaza deka: So deca ne se srka mastenica.
Од: Mene
Датум: 23.08.2010 11:38:18
Na revizija rezultatite od prethodnite izbori! NOVI IZBORI! DOLE VLADA!
Од: До Јарни
Датум: 23.08.2010 12:42:05
Коментарите не се нарачани, тоа е револт што го чувствува секој НОРМАЛЕН граѓанин тука. За разлика од портокаловите... е тука мора да се каже што да се напише, тие и онака не разбираат ништо. И друго, НИКОЈ ОД БЛАДАТА не си ја работи работата зошто не знат како, апла е!