Број 3365  понеделник, 23 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Светиклиментовиот универзитет ќе почне да се гради во септември

Охрид - За дваесеттина дена на просторот кај Плаошник ќе започне да се гради комплексот Климентов универзитет. Овој објект е осмислен како мултимедијален, високообразовен наставно-научен центар во кој ќе бидат сместени Светиклиментовата книжевна академија и македонскиот институт за хуманистички науки со мисија да обезбедува континуирано проучување на цивилизациите, културите и религиите што постоеле на овие простори во минатото. Ќе бидат изградени 14 објекти за конаци, Богословски факултет, Светиклиментова библиотека, каде што за почеток ќе има 100.000 книги, галерија на икони, музеј каде што ќе бидат презентирани сите пронајдени а��тефакти, Светиклиментова конзерваторска школа, академија и седум депанданси на светски универзитети. Ќе претставува центар на современ научно- просветен процес што ќе треба да ги задоволи потребите на македонскиот и на регионалниот образовно научен живот.

На присутните им се обрати премиерот Никола Гр��евски, кој, меѓу другото, истакна дека „одлуката на Владата на Република Македонија да го возобнови комплексот Светиклиментов универзитет е поттикната од намерата да му се оддаде должно признание на Свети Климент, како еден од најголемите словенски просветители и епископи. Иницијативата, истакна Груевски, значи заокружување на една монументална културно-просветителска и историска содржина и исклучителен културно-историски простор, кои се од капитално значење за македонскиот народ. Овој потфат има специфична културно-историска мисија да изведе хронолошки спој на светеклиментовиот дух и современото време, да го спои црковното со световното живеење и работење, токму овде на Плаошник во Охрид, во близина на Светиклиментовата црква ’Свети Пантелејмон‘ и Самоиловата тврдина“.

„Истражувачките работи на Плаошник исто како и реставраторско-конзеравтоските работи, се во завршна фаза. Фирмата што ќе гради на Плаошник е одбрана и затоа се надеваме дека во иднина се' ќе се одвива без проблем“, изјави Паско Кузман, директор на Управата за културно и историско наследство.

Со промоција на книгата „Ohrid Sub Specie Aeternitatis“ од Елизабета Димитрова и Паско Кузман, викендов беше означен почетокот на научно-наставната и културолошка дејност во рамките на комплексот Светиклиментов универзитет на Плаошник во Охрид.

Делото го промовираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која рече дека „книгата претставува возбудливо и поетично патување низ историјата, културата, уметничките отстрели и креативните модели на Охрид, како водечки културен центар во Македонија и на Балканот“.

Коавторот на книгата, директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, појасни дека во рамки на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник ќе бидат сместени повеќе културни и научни институции, со галерија на икони, библиотека, како и дел од старите ракописи со кои располага охридскиот Завод и музеј. „Очекуваме во првата половина на идниот месец да биде поставен камен-темелникот на објектот“, истакна Кузман. Во врска со суштинскиот, функционалниот односно содржинскиот дел на проектот, Кузман рече дека во рамки на Универзитетскиот комплекс ќе функционира редовна конзерваторска школа, со професори од признати светски универзитети, музеј на почвата на Плаошник во кој ќе бидат презентирани богатите наоди на самиот археолошки локалитет, богата Светиклиментова библиотека со стартни сто илјади наслови, седиштето на Галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, посебен монашки простор наменет за свештени лица, афилијации на светски универзитети, како и Светиклиментова градина како место за одмор и креативна инспирација. (Н.П.- Мк.Т.)


#
Статијата е прочитана 736 пати.

Испрати коментар

Од: Pero
Датум: 23.08.2010 03:23:08
Ovie skroz otisle so pametot.Za 3 meseca Makedonija ke bankrotira,ovoj pak lopati ke frla.Tamu kade razumot prestanuva,tamu pocnuva Makedonija.
Од: Tiosav
Датум: 23.08.2010 07:46:37
Во право си Перо, народот нема леб да јаде, а нема ни каде да го заработи да би дошол да него, али мора да го плати данокот, да би се граделе кули и вили , кои ќе потсетуваат на она што било пред 1о векови. На народот не му е потребна историја , минатост , туку иднина. Еве есен иде , па зима ќе дојде , многу деца не ке имаат,ниту книги,ниту за топли јакни, а за сендвич и топла плескавица и да не зборуваме. Џабе тоа се прават, Грците не ниго признаваат името, Србите црквата , тие средновековен универзитет. Глупости..
Од: Јазикот на Словените е македонски
Датум: 23.08.2010 07:51:58
Македонскиот јазол стр50. Не сите народи имаа среќа рано да го манифестираат својот јазик,Македонците имаа. Траутман го цитира кралот кој им кажал на браќата, Вие сте од Солун а тука се зборува чисто. Браќата Кирил и Методиј не беа од Варна или Сердика туку од околината на Солун од мајка Македонка и татко Грк. Значи дијалектите не беа од Црно Море или Родопи туку од Солун Македонија. Делото на браќата сеуште зрачи во Русија Бугарија Србија Хрватска.....И Турско-татарските Бугари ги озари зрак од оваа култура не само што беа асимилирани туку и јазикот го прифатија. Од Татарите им остана само името Бугари.. Свештениците во 1838 го печатеа македонскиот јазик за службите. Книга од 2004 за вистината за Македонија. Македонскиот јазол стр 352. Грабежот на Солун од Грција беше интернационална неправда. На ниту една соседна земја не и припаѓаше ниту мал дел од Македонија. Слични се и денешните измами за империјалистичките барања кон Македонија нејзиното име и култура.
Од: забеган.
Датум: 23.08.2010 08:12:58
Фрлај бре Грујо лопати,Никој неје против но првин обезбеди Здравството да биде подобро.Да не ги јадат Црви болните.
Од: miki
Датум: 23.08.2010 08:27:23
Pa kako do sega sme funkcionirale voopsto bez ova ne mi e jasno. Vednas da se izgradi, vednas
Од: Prof. Froidovski
Датум: 23.08.2010 11:27:03
"Јазикот на Словените е македонски" - pini si apceto, kuku:) Lud umora nema, samo se poti:)
Од: XXX
Датум: 23.08.2010 12:26:19
Koj kažuva, deka vo Makedonija nema pari??? Taa e najrazviena, najbogata država na svet, neznam, zošto postojano tolku se žalite!!! Da nema pari, nema vo ovie - i X drugi raboti, da se investira. Kakvo zdravstvo, patišta, školi, kakvi bakrači!!! Pa toa se e vo najdobar red, toa mu e jasno na sekogo čim MK gi pravi vakvi univerziteti, triumfalni kapii, spomenici na sekoe k´oše, žičari, zoni i koj znae što drugo ušte. Uživajte, bogataši ste!!!

Најди! во Утрински
Политика
Почнува урбанизацијата на касарните
За ВМРО-ДПМНЕ има две опции - избори или љубов со ДУИ
На ревизија сите одобрени учебници
МПЦ ја чека СПЦ за преговори
Двајца затвореници избегаа од затворот „Идризово“