Број 3365  понеделник, 23 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Двајца затвореници избегаа од затворот „Идризово“

Двајцата осуденици што ги издржуваа казните во Казнено-поправната установа „Идризово“ вчераутро успеале да побегнат од најголемиот затвор во државава. Бегството на Рајмондо Усаин од Скопје, осуден на затворска казна во вкупно траење од 1,6 година за две тешки кражби и на Оливер Којчев од Кавадарци, осуден за лажно пријавување и тешка телесна повреда, на казна затвор во траење од 2 години и 5 месеци, се случила во пет часот наутро.

Осудените, според официјалната потврда на Дирекцијата за извршување санкции, најнапред ја избиле решетката од прозорецот на бањата во објектот Училиште, а потоа со употреба на дрвена талпа успеале да го прескокнат ѕидот на Казнено-поправниот дом „Идризово“.

Нивното бегство било регистрирано еден час по настанот, односно по прегледување на видеоматеријалот снимен од камерите. По ова, била започната проверка и пребарување на пошироката околина, на затворениот дел, но и на другите објекти во затворот.

Од Дирекцијата за извршување санкции потврдуваат дека осудениот Усаин во КПУ „Идризово“ е од пети мај оваа година, а Којчев со издржување на казната започнал на четврти септември минатата година.

Управата на КПУ „Идризово“ презела мерки и за службените лица што биле на стражарските места каде што се случило бегството и тие вработени сега се суспендирани.

За бегството затворската управа го информирала МВР, а увид извршиле истражен судија и јавен обвинител. (Љ.С.)

 


#
Статијата е прочитана 645 пати.

Испрати коментар

Од: gogo
Датум: 23.08.2010 08:17:32
svaka cast decki
Од: dobrivoje
Датум: 23.08.2010 08:36:23
Зарем бегство на затвореници и црквенот спор се теми за рубриката која е резервирана за политички вести, барем така ви стои во весников од денешна дата.
Од: risto
Датум: 23.08.2010 08:57:29
За чуварите треба максимална казна,и бркање од работа.А освен тоа да им се одземе лиценцата.Нека по тоа најдат некоја друга работа.
Од: "vodolija"
Датум: 23.08.2010 16:56:43
Bravo ! Genialno, Sposobno! Treba da se donese zakon pod HITNO, sekoj koj ke USPEE DA POBEGNE, da bide nacisto osloboden od kaznata sto treba da ja izdrzuva !!! OVA E PRAVA UMETNOST, PA TAKVI LJUGJE NE SE ZA VO ZATVOR !!!???Na pr. Gruevski, nikogas ne bi mozel da izbega od zatvor , a, e Premier !!!???

Најди! во Утрински
Политика
Почнува урбанизацијата на касарните
За ВМРО-ДПМНЕ има две опции - избори или љубов со ДУИ
Светиклиментовиот универзитет ќе почне да се гради во септември
На ревизија сите одобрени учебници
МПЦ ја чека СПЦ за преговори