|
|
|
|
|
|
Шестмина арамии извршиле 79 кражби
ТЕТОВО - Група шестмина крадци од Тетовско и од Гостиварско за период од осум месеци извршиле 79 кражби. Украдените предмети се проценуваат на околу еден милион денари. Арамиите крстосувале не само во градовите, туку и во селски населби. Организирани како група, провалувале во угостителски објекти, кафетерии, бутици, продавници за колонијал, месарници, адвокатски канцеларии и друго, каде што најчесто краделе пари, музички апарати, компјутери и друга опрема. СВР - Тетово успеа да ја разоткрие групата во која биле И.Б. (37), Б.Р. (24), В.Т. (37) и тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години и против сите нив е поднесена кривична пријава. Групата крадци била потпомогната од тројца тетовци, М.А. (40), Р.Г. (26) и А.А. (64), кои им ги прифаќале, чувале и продавале украдените предмети. Овие тројца добиле кривична пријава за прикривање кривични дела. (Г.Е.) |
#
|
Статијата е прочитана 637 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: kaktus |
Датум: 28.12.2010 12:46:08 |
|
Голем комплимент за полицијата. И покрај сите критики, си ја вршат нивната главна работа.
Само напред во борбата против криминалот. |
|
|
|
|
|
|
|
|