Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Крвав грабеж на бензинска пумпа во Пробиштип

Вработен на пумпата им се спротивставил на двајцата разбојници, по што го раниле

Крвав грабеж на бензинска пумпа во Пробиштип. Двајца оружени разбојници го раниле вработениот на пумпата, кој им се спротивставил. Со три куршуми во телото, 44-годишниот маж е префрлен на лекување во штипската болница, додека ограбувачите ги зеле парите и побегнале. По нив се трага.

Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил во неделата околу 19,45 часот на бензинската пумп�� на „Макпетрол“ на излезот од Пробиштип.

„Две маскирани лица, вооружени со пиштол, побарале од вработениот И.Ј. (44) да им даде пари, но бидејќи тој се спротивставил, еден од ограбувачите испукал три куршуми кон И.Ј.“, соопшти МВР.

Двајцата разбојници ги зеле парите од дневниот промет и побегнале. Ранетиот маж бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип. Лекарите констатирале дека пациентот бил ранет во стомакот, рамото и во потколеницата. Укажана му била лекарска помош и тој е задржан на лекување во болницата. Од полицијата велат дека се трага по напаѓачите. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 712 пати.

Испрати коментар

Од: pistoldzija
Датум: 28.12.2010 13:07:38
Na kraj ke ispadne deka se ili od MVR ili od ARM.

Најди! во Утрински
Хроника
Случајот „Диригент“ диригиран од Германија и од Австрија
Шестмина арамии извршиле 79 кражби
Исчезнат маж пронајден мртов
Двајца од обвинетите во штипскиот секс-скандал се во бегство
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks