Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хроника

Двајца од обвинетите во штипскиот секс-скандал се во бегство

За утре и за задутре е закажан главен судски претрес против шест лица

Портпаролот на Основниот суд - Штип, Стојан Михов, информира дека П.Т. од Кочани, обвинет за полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години, вчера не се појавил на закажаниот главен судски претрес во судот и покрај тоа што имаат издадено налог за негово присилно доведување.

Тој подвлекува дека моментно се' уште не е распишана потерница против П.Т од Кочани, на кого ќе му се суди во отсуство.

„По изрекување на пресудата и доколку се докаже вината на обвинетиот, ќе се распише потерница, со цел осуденото лице да ја издржи затворската казна што ќе му ја одреди судот“, рече Михов.

Бизнисменот од Кочани, кој е недостапен за истражните органи, вчера требаше да седне на обвинителната клупа заедно со К.А. од Штип, кој е донесен од притворското одделение во Прилеп.

„Главниот судски претрес против овие две лица е закажан за 4 јануари 2011 година, по барање на одбраната, која не ги добила написмено разговорите со оштетените во случајот“, појаснува Михов.

Портпаролот на Основниот суд во Штип потврди дека истражните органи имаат сознание дека и уште едно лице од Штип од вкупно 12-те обвинети во случајот со педофилија и проституција е надвор од државата и покр��ј тоа што судот му ја има одземено патната исправа.

За среда и за четврток е закажан и главен судски претрес против шест лица, од кои за четворица мажи обвинети за полов напад извршен врз малолетник, кој не наполнил 14 години и за две девојки обвинети за подведување на двете малолетнички од Штип. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1042 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Случајот „Диригент“ диригиран од Германија и од Австрија
Шестмина арамии извршиле 79 кражби
Крвав грабеж на бензинска пумпа во Пробиштип
Исчезнат маж пронајден мртов
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks