Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Перипетии на судењето за убиството на туристот

Судот ги затвори, па ги отвори вратите за јавноста. Обвинетите тврдат дека се обидувале да ја раздвојат тепачка

Во тензична атмосфера и со многу нервоза вчера во Охрид започна судењето за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ (34), извршено кон крајот на август минатата година. Во Основниот суд во Охрид за убиство им се суди на Митре Костоски и на Илче Јоноски, додека Ѓоко Наумовски е обвинет за помагање. Недостапен за судот е српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ, обвинет за убиство.

Тензиите се подигнаа уште во почетокот на судењето кога судијката Милка Танеска одлучи процесот место во големата сала, да се одвива во малата сала, каде што им беше дозволен влез само на тројцата обвинети и на мајката, сопругата и братот на Новаковиќ, кои допатуваа во Белград. Тоа предизвика револт кај роднините на обвинетите охриѓани, како и кај многубројните новинарски екипи, кои иако со уредни дозволи останаа надвор од судницата. Се дознава дека претседателот на охридскиот суд, Владо Дејаноски, се обидувал да интервенира кај судијката да го прекине судењето во малата сала, а откако не успеал во намерата, бил принуден да се пожали кај претседателката на Судскиот совет.

По првата пауза, судијката Танеска им дозволи на новинарите да го следат судењето. Следуваше распит на обвинетите, кој траеше и во попладневните часови. Според нив, кобната вечер дошло до тепачка меѓу две групи српски туристи, а тие само се обидувале да ја смират ситуацијата и да ги раздвојат разбеснатите групи.

Новаковиќ беше претепан до смрт на 27 август минатата година. Неговата мајка пред доаѓањето во Македонија им изјави на српските медиуми дека едвај чекала да почне судењето.

„Само да им погледнам в очи тие луѓе. Кога ќе бидат завршните зборови, ќе ги поведам и двете внучиња за светот да види што остави мојот Дејан и кој сега ќе се грижи за нив“, изјави Јулијана Зубовиќ.

За тепачката, која заврши со трагедија, кружат разни верзии што се движат од тоа дека станувало збор за договорена тепачка меѓу две групи српски туристи, оти Македонци се пресметувале со Срби, а се зборува и дека Новаковиќ и неговиот другар од Србија настрадале ни криви ни должни откако се нашле на погрешно место во погрешно време. Која била вистината - ќе утврди судот. Првично, за убиството беа осомничени осум лица. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1404 пати.

Испрати коментар

Од: Зевзекмен
Датум: 23.02.2011 14:06:46
ako nemoze krim policijata da otkrie sudot nisto, samo advokatite ke mlatat prazna slama
Од: doom
Датум: 23.02.2011 15:09:21
Abe garant covekot sam umre,nikoj ne e kriv...samo podsetete se kakvi kazni dobija navivacite na partizan za ubistvoto na francuskiot navivac vo 2009...glavnite dobija po 30 godini,a kaj nas site ke gi izvadat i pak ke se povtori istovo za brzo vreme...vo ohrid od stalno bile glavno nekulturnite selski divjaci...
Од: skopjanec
Датум: 23.02.2011 17:53:21
A bre lugeto bile nevini, samo ja smiruvale situacijata so tupanici i kloci. Za vakvi delikventi nam mesto vo ova opstestvo. Najmalku 20 godini zatvor im treba. Za da bidat primer na drugi po mali delikventi.

Најди! во Утрински
Хроника
Тензија и расправии на судењето на Бучковски
Подофицер во АРМ бега од полицијата
Девојче загина во сообраќајка во Чаир
Златото најатрактивно за арамиите
Деца тргуваат со дрога и со оружје
Ограбил про��авница, па пукал во воздух
Ексновинари на „Време“ на распит