Подофицер во АРМ бега од полицијата
Полицијата се' уште трага по еден од двајцата разбојници што успеа да побегне по неделниот грабеж во обложувалницата „Бет сити Балкан“ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Од МВР потврдија дека станува збор за Р.Р. (29), инаку подофицер во АРМ. Нему во отсуство му е одреден едномесечен притвор. Другиот разбојник беше уапсен веднаш по разбојништвото. Кај него беа пронајдени околу 225.000 денари од околу 900.000 денари, колку што беа ограбени. Лани капетан на АРМ беше осуден на 5,5 години затвор поради две вооружени разбојништва извршени во експозитура на Комерцијална банка во населбата Кисела Вода. (Г.А.) |