Намален бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во март 2009 година, во однос на истиот месец од лани, е намален за 5,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците, бројот на работници во периодот јануари-март 2009 година, во однос на истиот период лани, е помал за 4,4 отсто.
Бројот на работниците во индустријата во март, во споредба со 2005 година, е намален за 10,2 отсто. (МИА) |