Број 2974  четврток, 30 април 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Мерките не се доволни - фирмите бараат свеж капитал


ССМ е подготвен да се вклучи конструктивно во изготвување на мерките: Ванчо Муратовски

Ако итно не се вложат пари за рестартирање на производството, уште повеќе фирми ќе се затвораат

Маја Томиќ

„Темен облак врз економијата и врз трудот виси во моментов врз земјава. Алармот е вклучен и потребна е целосна мобилизација на Владата, коморите на работодавците, синдикатите, економските експерти и граѓанските здруженија. Сите заедно треба да донесат решенија за надминување на последиците од кризата, која не не' одмина, како што се мислеше. Секојдневно се затвораат компании, работници се праќаат на улица“, рече претседателот на Организацијата на работодавците, Димитар Стојановски, на вчерашната свечена седница на Сојузот на синдикатите на Македонија, по повод 1 Мај - Денот на трудот.

Говорејќи во името на работодавците, тој додаде дека досегашните владини пакет-мерки не се доволни, а неизвесно е дали нивното практично имплицирање ќе даде резултати. За бизнисот, според Стојановски, се многу важни два сегмента моментно, свежиот капитал и реален ребаланс на буџетот.

„Важно ни е свежиот капитал да влезе во земјава, и тоа итно. На компаниите итно им се потребни свежи пари, со ниски камати, за да можат да го рестартираат производството. Реален ребаланс, пак, е потребен за да се намалат трошоците во работењето, што ќе придонесе за поквалитетно и поевтино производство и за враќање на изгубените пазари. Ако не се случи тоа, ќе има уште затворање на фирмите и штрајкови на работниците, што никој не ги посакува“, објасни Стојановски.

Според Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија, сите институции во државата треба да се здружат во заедничка стратегија против к��изата, со единствена цел, зачувување на работните места.

„Најважен елемент во кризата е да се избориме да ги зачуваме работните места, кои се важни за натамошен развој на економијата. Оптимист сум дека со заеднички напори ќе излеземе од кризната состојба, при што коморите и ССМ треба да имаат значајна функција“, рече Азески.

Претседателот на ССМ, Ванчо Муратовски, ја потврди заложбата преку социјален дијалог да се изнајдат мерки против кризата, при што ССМ е подготвен да се вклучи конструктивно во сите процеси. Тој потсети на лошата економско-социјална слика во земјава: на ниските просечни плати од 260 евра, кои се најниски во регионот, на порастот на социјалните случаи и на криминалот и наркоманијата, на над 350 илјади невработени, на 280 илјади пензионери со просечна пензија од 9.800 денари, на повеќе од 20.000 работници кои досега ги изгубија своите работни места... Муратовски повторно ги посочи предлозите на ССМ за подобрување на состојбите, како што се: подобрување на инвестиционата клима и стимулирање на побарувачката, спречување на порастот на каматите на банките, утврдување минимална плата, субвенции за работодавците кои ќе воведат скратено работно време, ограничување на бонусите и надоместоците на менаџерите и на членовите на управните или надзорните одбори и слични предлози за надминување на кризата.


Статијата е прочитана 592 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Потребни се повеќе пари - ќе се задолжуваме со 250 милиони евра
Намален бројот на работници во индустријата
Бугарија во економски шок
Ништо од пониски камати, дури и уште ќе растат
„Телеком“ даде зелено светло, Владата ќе добие 38 милиони евра
Фатени 1.821 работник на црно
„Хипо“ останува во Македонија