Број 2974  четврток, 30 април 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Телеком“ даде зелено светло, Владата ќе добие 38 милиони евра

Собранието на „Македонски телеком“ ја усвои одлуката за исплата на дивиденда за 2008 година во висина од 100 милиони евра, што претставува дел од севкупната добивка на компанијата во висина од 160 милиони евра пред оданочување. Од тие пари, Владата ќе добие 38 милиони евра, а освен неа и „Маѓар телеком“, дивиденда ќе добијат и малцинските акционери, кои во најголем дел се вработени и пензионери од телекомуникациската компанија.

Право на дивиденда за 2008 година имаат сите акционери што ќе бидат евидентирани во акционерската книга на телекомот на 8 мај, а ќе добијат по 72,42 денари по акција. Исплатата на дивидендата ќе почне на 22 мај. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2008 година е 5 мај, а прв ден на тргување без право на дивиденда за 2008 година е 6 мај.

„На годишното Собрание на ’Македонски телеком‘ се усвоени финансиските ревидирани и консолидирани финансиски извештаи на компанијата. Донесена е одлука за исплата на дивиденда во висина од 100 милиони евра за целата компанија. Од тоа, 38 милиони евра ќе и' бидат исплатени на Владата. На 22 мај ќе се исплати дивидендата на сите акционери“, изјави вчера Зоран Трајчевски, владин претставник во „Телеком“, по завршување на Акционерското собрание.

На вчерашната седница, Собранието го одобри и работењето на членовите на Одборот на директори на „Македонски телеком“ за 2008 година, при што е отповикан Волфганг Хауптман, како неизвршен член на Одборот на директори на „Телеком“, а за нов неизвршен член е избран Стефан Кербер.

Државата досега има добиено шест дивиденди од телекомот. Во 2001, 2002 и во 2003 година добиваше по 18,5 милиони евра, а во 2004 година речиси 2,5 пати повеќе, односно 44,8 милиони евра по едногодишно задоцнување, поради истрагата за финансиски малверзации. Дивидендата за 2005 година беше 48 милиони евра. За 2006 година немаше исплата, бидејќи акци��нерите одлучија дивидендата да ја префрлат во акумулирана добивка. Лани Владата доби 61 милион евра дивидендата за 2006 и за 2007 година. (А.С.)


Статијата е прочитана 641 пати.

Испрати коментар

Од: meri
Датум: 30.04.2009 13:16:13
pa sto ako isplati dividenda toa se pari od narodot,znaci sobiraj go narodot pravi profit i deli na vlada se zaprasal li primierot cii se tie pari pa telekom ne gi donese od ungarija tuku go sogoli narodot do koska so cenite pa sega ke se pravi vazen eve deli dividenda bruka.Zatoa li cuti vladata za kruminalot tamu deka dobiva dividenda lugeto se otpustaat od rabota a nekoi direktori dobivaat plata i po 8.000 EUR,pa tie pari se na narodot a ne na vladata naka se vidi kolkavi se cenite vo Ungarija i Germanija pa posle neka se falat.

Најди! во Утрински
Економија
Потребни се повеќе пари - ќе се задолжуваме со 250 милиони евра
Намален бројот на работници во индустријата
Бугарија во економски шок
Ништо од пониски камати, дури и уште ќе растат
Фатени 1.821 работник на црно
„Хипо“ останува во Македонија
Мерките не се доволни - фирмите бараат свеж капитал