Околу 150 милиони евра ќе бидат искористени за финансирање на буџетскиот дефицит
Александрија Стевковска
Владата надвор ќе се задолжува со 250 милиони евра наместо 200 милиони евра, како што најави првиот финансиер Трајко Славески пред неколку дена во Вашингтон. Дел од овие пари ќе бидат искористени за сервисирање на странскиот долг каде што ќе се одлеат околу 96 милиони евра, а околу 150 милиони евра ќе бидат искористени за финансирање на буџетскиот дефицит.
„Битно е дека се дефинирани потребите за обезбедување средства, а станува збор за околу 250 милиони евра за оваа година. Со дел од тие пари ќе се изврши отплата на странскиот долг, кој редовно го сервисираме. Во споредба со другите земји, се работи за минимална сума од приближно 96 милиони евра. Остатокот од околу 150 милиони евра ќе бидат искористени за финансирање на буџетскиот дефицит“, изјави вчера министерот Славески.
Според него, средствата ќе се обезбедуваат од различни извори.
„Ќе настојуваме да ги обезбедиме овие средства по најниска можна цена, секако, од аспект на расположливоста. Прво, наесен ќе можеме да се послужиме од нашите пари што ги имаме во ММФ, како специјални права за влечење, и тоа во висина од 77 милиони долари. Во разговорите со Светска банка, мислам дека ќе обезбедиме од 25 до 50 милиони долари поддршка за буџетот, со таканаречените ДПЛ-аранжмани“, објаснува Славески. Според него, СБ го омекнала претходниот став за користење на овие средства, според кого досега овие пари можеле да се користат само доколку имаме склучено аранжман со ММФ.
„Кај функционерите на СБ имаше две различни струи. Според едната, за да можеме да ги користиме парите од СБ, мораме да имаме аранжман со ММФ, а според други - не. Очигледно е дека преовлада д��угата страна, според која не е неопходно да се има аранжман со ММФ. Тоа значи дека може да се користат тие средства со позитивна оценка за макроекономската рамка на македонската економска политика од страна на ММФ“, објасни министерот за финансии.
Најголемиот дел од средствата што и' се потребни на државата ќе се обезбедат од комерцијалните банки, на пазарите каде што земјава се нема појавено од 2005 година, преку издавање еврообврзница.
„Доколку одиме на емисија на обврзници, се проценува дека 150 милиони се потребите на буџетот на Македонија, па цениме дека 200 милиони евра е минимална количина средства што би требало да се емитираат, од аспект на пазарот“, вели Славески, според кого се' уште не се пикирани банките каде што ќе се задолжуваме. Се претпоставува дека за оваа цел ќе се плати прилично висока камата од 9 до 10 проценти. Тој потенцира дека во тек е евалуација на понудите од повеќе банки што се пристигнати и дека има квалитетни понуди од врвните банки во светот.
Што се однесува до рочноста, оптималната би била пет години.
„Никој не издава обврзница на десет години. Во овој период пазарот, нема апетит за таков вид долгорочно задолжување, поради што мислам дека оптималната рочност е од три 3 до пет години“, додава министерот за финансии.
Владата смета дека условите за задолжување секој ден се подобруваат и доколку во светот не се случи поголем негативен настан, што би можел да ги вознемири пазарите, со секој поминат ден се подобруваат условите за настап на земјите како што е Македонија.
Ednas veke napisav, eve pak ke povtoram. Na ovaa VLADA zaem ne i dava nikoj. Badijla nudat i 10% i 11% (iako kamatite vo svetot se 1% pa i ispod). Edinstveno nesto e da zalozat del od deviznite rezervi kako garancija, pa da im dadat kredit, a toa e cista glupost.(eve ti pari, daj mi kredit). Toa im e edinstvenata sansa vo momentov ,a potoa ke se ispofalat deka kojznae sto postignale. Dzabe trcaat i moljakaat po svetot ,treba samo da se svestat i da svatat deka za svetot oni se rizicni, bez nikakov REJTING (toa samo ovde im uspeva so rejtingot), i kako takvi (nepostojani i salabajzeri) nikoj ne gi esapi. Neka se krstat samo na onie 500 iljadi sto gi glasaa, osven tie sto im se divat i Latas, drugi nema, ni ovde, a za nadvor pa ic i muabet da ne pravime.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 30.04.2009 00:39:36
Vladata bara zaemi, a trosi pari na spomenici i crkvi. Ovciiii, osvestete se - ve derat! :)))
Од: Red Rose: Kje im stignat li ?
Датум: 30.04.2009 02:25:58
Na alchnite rasipikukji,koi ne kazhuvaat do koj chekor od Prerodbata sme dojdeni,nema da im bidat dovolni ushte 3 takvi zadolzhuvanja samo za da ima so shto da se falat deka "ostvaruvaat".Nivnite nezdravi ekonomski "volshepstva" vekje gi istenchuvaat gragjanite se povekje i povekje.Masovnata neproduktivna graditelsko-iskopinska histerija ushte povekje go tenchi budzhetot ,koj veke nema koj da go polni.No,toa ne e ni najmala prichina da se zapre ekspanzivnata gradezhna operacija poradi euforichnata obzemenost so velichina na glavniot i edinstven naredbodavec vo drzhavava - Grujo the Great.Cela Makedonija e zalozhnik na negovata sueta i megalomanstvo,nezatemeleni na realni osnovi,tuku producirani od nekakov fenomen od psiho-patoloshka priroda ,za koj nemaat hrabrost da reagiraat najpovikanite struchnjaci za toa.Tie so koi e okruzhen se odnesuvaat kako Hitlerovite generali,koi prifakjale da isprakjaat i deca da ginat samo da ne mu protivrechat na firerot..Dokaz e EVN,MMF i dr. samovolija
Од: Ози
Датум: 30.04.2009 09:18:00
Кој ли ќе ги враќа овие кредити? Ајде да погодуваме! За вмроовци може и повеќе пати. Или како оној што издавал чекови без покритие, па кога го фатиле рекол: ’Нема проблем, колку треба, ќе ви напишам нов чек’.
Од: marika
Датум: 30.04.2009 12:28:02
mak e vo corsokak zaribana so imeto bez eu nema idnina pa da pzajmi milijardi ne biva bez eu i pazar i pomos miloijardi od eu nema idnina videte samo grcite iljadnici milijardi imat dobieno od eu i seuste dobivat demek bile nerazvieni.
Од: koki
Датум: 30.04.2009 19:20:58
Се давало толку пари на дечиштава од ДПМНЕ??? Никако, ќе ги испотрошат на глупости... шмизли, бикој, магариња... ама ние сите ќе си враќаме...на здравје да ни е...