Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Бели чаршафи го прекрија нашето вино во Европа

Македонското вино масовно се повлекува од рафтовите на словенечките продавници

Александрија Стевковска


Се покрива со бели чаршафи, завеси, се крие под тезга. Ваква судбина го снајде македонското вино на рафтовите и во ма��ацините на словенечките продавници, откако претходно беше „избркано“ од маркетите и во Германија. Причината е притисокот што го прави Грција врз своите цимери, земјите- членките на ЕУ, за да ја блокираат продажбата на македонско вино, бидејќи на нивните етикети е напишано името „Македонија“, како географски регион од кој тоа потекнува, а на секое шише со вино мора да биде наведен регионот на потекло.

Производителите се во паника, не знаат како ќе го преживеат овој нов удар врз нивниот бизнис. Се борат за опстанок. Бојкотот на европските трговци ќе ја десеткува продажбата на овој значаен македонски извозен производ, претходно сотрен од кризата. На винарниците црно им се пишува доколку притисокот на Грција за забрана за продажба на македонско вино, освен врз Германија и Словенија, се прошири, а сите елементи говорат дека грчката игра на забрани ќе ја заиграат и другите членки на ЕУ, иако тоа претставува кршење на сите правила што самата Унија ги наметнува.

„Повлекувањето на македонското вино од продажба во Словенија докажува дека Грција не само што не престанува, туку и ги проширува притисоците врз земјите-членки на ЕУ за тие да го бојкотираат овој наш производ. Она што не е в ред е тоа што овој притисок практично премолчно го поддржува и ЕК, иако ова претставува кршење на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и сите протоколи што ние ги имаме потпишано со заедницата“, тврди заменик- министерот за земјоделство, Перица Ивановски.

Според него, вакво нешто не е дозволиво во услови кога Македонија се' уште го договара Протоколот за вино.

„Овој договор се' уште не е потпишан, поради спротивставувањето на Грција за користење на регионот Македонија кај македонските вина, како географска одредница за потекло на виното, иако тој регион опфаќа поширока област од територијата на Република Македонија. Грција сите ги уверува дека таа има ексклузивно право за користење на терминот Македонија“, објаснува Ивановски.

Тој вели дека македонската страна прави се' за да го реши проблемот, на највисоко ниво, во Брисел. Откако се почнати обидите на Грција да издејствува забрани за продажбата на вина со декларирано географско потекло од Македонија, од Министерството за земјоделство преземаат и конкретни чекори. Побарана е средба со надлежните од Европската комисија за надминување на проблемот.

Идејата е терминот „Македонија“, кој Грција го заштитила во ЕУ уште во 1989 година, да се употребува како хомоним за двете страни, без какви било рестрикции и со јасно дистанцирање на државата од каде што се произведува виното. Јужниот сосед се повикува на европската регулатива, според која, „вината од грчкиот регион на Македонија биле признати како вина со заштитени географски податоци“.

„Ставот на Европската комисија е многу ригиден и потврдува дека терминот ’Македонија‘, иако во ЕУ е заштитен како ’Македоникос‘, е резервиран само за производите што доаѓаат од Грција“, вели Ивановски.

Доколку не се најде соодветно решение последиците би биле многу неповолни.

„Ако се остане цврсто на ставот дека Грција го заштитила името, во тој случај, освен производите на кои е означено географското потекло, не ќе можат да се извозуваат ниту трговските марки на кои се спомнува Македонија“, објаснува заменик-министерот за земјоделство.

Дознаваме дека Грција долго време „ја варела“ Словенија да го исфрли од промет македонското вино. Последното нешто бил писмениот допис до словенечкото Министерство за земјоделство, со кој Грција побарала да не се дозволи пласман на вина со географско потекло од Македонија.

Пред Словенија, и во Германија беше забранета продажбата на висококвалитетни вина во шише од Македонија. Токму Германија е најголем увозник на македонски вина, на чиј пазар годишно се продаваат 33 милиони литри вино. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 3779 пати.

Испрати коментар

Од: Cairska banda - Smrk
Датум: 05.11.2010 13:10:23
Site na vikend i odmor vo grcija.
Од: Mite-Canada
Датум: 05.11.2010 13:21:26
Svetot e pogolem od Slovenija i Evropa. Standardot na ziveenje vo Kina e se povisok a pazarot e vtor vo svetot posle Amerika. Kade e kreativnosta na Makedonskata vlada da ja kreaira atmostferata da sekoe sise vino bide prodadeno vo Kina?
Од: Esen
Датум: 05.11.2010 13:43:00
Abe vazno Alexsandar e nas, a se drugo e kolateralna steta.dali gledate bre luge do kade ne dovede golemiot um na "firerceto"?Ama kako sto rekov,vazno e deka e nas i se razbira da se prodolzi so spomenicite.
Од: mio
Датум: 05.11.2010 13:46:04
ne,ne baska vikend mozi i odmor narednoto leto a eve i nova godina blizi ajde site vo elada
Од: Gogo
Датум: 05.11.2010 13:58:38
Da ne spomna nekoj deka Slovenija ke ne vnese vo EU i deka nasiot najgolem lobist ? Ne bre braka! Slovencite se tolkavi nasi prijateli kolku sto se nivnite biznis interesi vo Makedonija. I nisto poveke ! Nivnite interesi se veke dobro etablirani kaj nas taka sto nikoj ne im moze nisto. I tuka zavrsuva nivnata ljubov kon nas. Od serga i natamu, ke ne prodadat za edno capce sporija. I tova vo primerot so vinoto - go pravat. Verovatno i ponatamu ke prodolzat da gi guskaat nasive klenovi i istive, klenovive, ke bidat mnogu zadovolni i srekni. Vinoto ne deka nema da moze da se prodade- kre se prodade ama ako ide vo cisterni i za ceni polovina od taa za kisela voda, i ponatamu vo EU , so SL etiketa.
Од: podgor
Датум: 05.11.2010 14:22:33
Se soglasuvam so nasinecov od canada ,kolku samo vino mozese da se prodade kako kompenzacija za avtobusite i kompjuterite za sekoe dete ili pak na Italija za samo eden lav
Од: Ли Чанг
Датум: 05.11.2010 14:36:03
Го чекаме вашето вино.Кога ќе почнеме ние да се начкукуваме,малку ќе ни биде целото ваше вино!
Од: aleksandar ivanovski
Датум: 05.11.2010 14:49:04
Tocno e deka treba da se bara drugi pazari no da se misli i na konkurentnosta odnosno uslovite!!!A ne kako sto sakaat nasite vinari odma da se plati plus cenite sto gi nudat moze samo da se nadevaat za nekoe vreme vo idnina a mozebi i nikogas ce im ostane vinoto vo vizbite pa ce bide po kvalitetno vo podobri vreminja.
Од: Zulfi
Датум: 05.11.2010 14:52:48
A sto e so pazarot vo Rusija? Zar e malecok?!!!
Од: Mite
Датум: 05.11.2010 15:22:54
Neli samo imeto na drzavata e problem a identitetot ne e ??.. da ne treba da go smenime vo Firomsko Vino ?? pa neka go prodavaat na Slovenija vo cisterni i oni ke go flashiraat kako " slovensko vino " .. a ne e samo ova, grcki Kipar go zashtitil vo EU kiparskiot lokum, iako istiot se pravi i vo Turcija... se dodeka ne im se udri Reciprocitet ne ja biva rabotata... a za vreme na SFRJ, eden germanec go zashtiti brendot " dalmatinsko vino" i se zabrani izvoz vo Germanija se dodeka ne mu platija debelo.. baska toj vo meguvreme lepeshe etiketi "dalmatinsko vino" na buckurishi..
Од: do Cairska banda - Smrk
Датум: 05.11.2010 15:30:46
kaj da odime na odmor? vo ohrid/struga da ne utepa struja na plaza ili da kupuvame skapi igracki dodeka jumbo e zatvoren poradi neplakjanje reket na a1?
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 05.11.2010 15:42:59
Mite od Kanada sedisi udobno vo tvojata Kanada i ne tresi zeleni.Ti najverojatno sega tamu si Majkl,a se pisuvas Mite za nasi potrebi.
Од: marjan.pp
Датум: 05.11.2010 16:34:57
samo reciprocitet za site grcki proizvodi vo makedonija
Од: sladj
Датум: 05.11.2010 17:07:47
izvezuvajte vo Canada. Osven Kratosija so iskriveni etiketi, nema ni edno drugo..nema ni edno pivo od Makedonija, pocnete i so toa. Ama i malce usul za cenite..za istite pari za koi se prodava Kratosija, moze da se najde dosta pokvalitetno vino
Од: Nacionalisti i sovinisti
Датум: 05.11.2010 17:21:02
Slovencite se nenadminati nacionalisti i sovinisti. Vo vremeto na SFRJ ni gi odnesoa devizite (na kniska kaj nas, a parite kaj niv), nivnoto proizvodstvo go stitea maksimalno, a nie go plakavme ,,cehot,,, sega ni go ukradoa ,,ajvarot,, i ne ostavija so ,,ajver,,!? Veruvam deka slucajot so iznesuvanjeto na parite se vrsi i denes!? Go kupija Saemot, a ne dozvoluvaat MKD da kupi ni edna baraka vo Slovenija, a kamoli vo Ljubljana! Do koga?
Од: Филип Колеќески
Датум: 05.11.2010 18:00:09
Доста го дрвите сите .... таму на одмор ... ваму на одмор ... мое право е .... јас кај сакам ќе одам ... Прекин на преговорите (читај ... муабетите .... кркање дневници) и ај на здравје .... па нека јадат бубрези после колку сакаат .... Извинете на речников ....
Од: TIKVES
Датум: 05.11.2010 18:56:15
grev na dusa ce nosite ako nego pustite mojot komentar do site makedonci vo svetot davam apel ispadnetemu vo presret na makedonskoto vino i na makedonija kupuvajte nase vina ako treba nego pijte poklonetego nekomu da ne popustime pred grckite fasisti da vidat deka i nas ne ima povece odniv
Од: Oliver, USA
Датум: 05.11.2010 20:26:32
eden novinar ednas napisa sto e Evropa...i majka i makea, i intelektualka i prostitutka....samo neznam sto nasive seuste se tolku ludi...orientirajte se kon azija be luge, arapskiot svet...ke imate pazar za se...
Од: Od Prijatel
Датум: 05.11.2010 21:35:40
Bravo kupuvajte slovenski sporinja odete na odmor kaj pitacite i vo vero sto poveke pati belkim ke vi go skrojat kostumot pobrgu i poubav pozdrav do Prijatelite..
Од: Од Мене до Вас
Датум: 05.11.2010 22:04:54
Не само на одмор во Грција да одите и против своите корени да се свртите. Буквално се би продале за профит. Секој е против секого во М, наместо сите да се здружат и да го дигнат еден исти глас. Вратете го БЦ на власт и докрајчете ја земјата.
Од: zujce
Датум: 05.11.2010 22:22:38
@ sladj:))) So iskriveni tiketi :)))))))
Од: Krajno Vreme
Датум: 05.11.2010 22:43:25
Krajno vreme e da se osvestat makedonskite politicari od dremlivosta i zanesenosta po Brisel i Vasington.Svetot se menuva nabrzina, a ovie uste slepo, do koga, dodeka ne propadne i Makedonija i neizinoto stopanstvo?SVETOT e vo Evroazija (del od Evropa i Rusija) i Kina, toa e idninata, pa potoa svetot odi vo Brazil, Indija itn.Tamu na primer makedonskoto vino e kapka vo Okean, a ne vo more.
Од: cede
Датум: 06.11.2010 01:52:43
Sega za vikend vo Solun koga ke im bapnam 4000 evra na buzuki i sirtaki togas ke vidat.Grk se pobeduva samo so dostinstvo.Im predlagam na makedoncite vo sto pogolem broj i sto pobrgu da odat vo Grcija i da im pokazat na Grcite sto e makedonska gordost.
Од: Zoran
Датум: 06.11.2010 03:56:10
Ne e vo prasnje imeto,tuku kvalitetot na vino . Neka pocnat da go nudat direkno na ugostitelski objekti ima da odi kako alva , Zabranetoto e naj barano
Од: CACKO E OD KAVADARCI ama rabote u Skoje
Датум: 06.11.2010 03:57:34
EEEEEEEEEEE pa ojte Skopjani sea na ODMOR U GRCKA a biznismenite na Solunskoto pristaniste.E pa Cacko rakija ke pie posle a ne viski .
Од: Стојко
Датум: 06.11.2010 09:18:24
Ова е резултат на политиката на испраќање неспособни партиски послушници (и убавици, како во Брисел!) да ги бранат македонските интерсеси на меѓународниот пар��ет. Кривицата не е во Словенија, Германија или Грција. Постојат меѓународни договори за патентни права, WTO, заштита на производи и марки и сите земји мораат да се придржуваат кон нив. Тие договори ја штитат Грција. Ако Македонија и понатаму води политика на инает и не работи на договор за името, тогаш состојбата ќе се влошува. За да и понатаму ги продаваме нашите вина на светските пазари засега не ни останува ништо друго освен да ги етикетираме како FYROM-ски вина!

Најди! во Утрински
На прво место
Адеми
Атина не гледа експресно решение за името
МАНУ нема пари за нова енциклопедија






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax