Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Атина не гледа експресно решение за името

Атина - Бриселската средба на македонскиот и грчкиот премиер може да биде катализатор за разврска на прашањето за името, но не пред самитот на НАТО овој месец.

Грчката страна се надева дека минатонеделната средба меѓу Јоргос Папандреу и Никола Груевски може да биде добра основа да се види промена на позициите на македонската Влада што ќе овозможи поскоро решавање на спорот за името. Од грчкото МНР додаваат дека средбата се одвивала во добра атмосфера поттикната од политичката желба на грчката страна да се види побрз развој на настаните.

Сепак, маратонската средба меѓу двајцата премиери минатата недела во Брисел не завршила со конкретен договор за нова средба пред самитот на Алијансата закажан за 19 и 20 ноември во Лисабон.

Грчката страна ја негира можноста за експресно решение за името пред ноемврискиот самит. „Врз основа на пораките што ги примивме, досега мислам дека не може да очекуваме толку брз развој на настаните. Меѓутоа, мора да напоменам, имаме волја и дека штом Владата во Скопје се одлучи оти е подготвена за напредок, тогаш многу брзо може да се дојде до решение“, истакна портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас.

За перспективите на Македонија и останатите држави од Западен Балкан за влез во ЕУ ќе бидат дел од темите што ќе ги разгледува грчкиот министер за надворешни работи при неговите средби за време на официјалната посета на Германија во почетокот на следната недела. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 792 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola-Germanija
Датум: 05.11.2010 13:09:26
Vo politikata nema pravdina,osobeno koga se raboti za megjunarodni odnosi.Tuka nema prijatelstvo,tuku samo stratesko partnerstvo (=Interes).Jas ne mislam deka treba da se najde kompromis po sekoja cena,nego namesto kako vladata da se zali kolku "nepravedni bile EU i NATO sprema MK",treba glasno preku jaka i aktivna Diplomatija da se bori za svoite argumenti.No,namesto toa,za Milososki se slusa ednas mesecno i toa samo vo pridruzba na Gruevski kako negov "adjutant" bez svoja kreativnost vo negov resor.Dosta veke se obvinuvaat EU i NATO koga vo MK ne postoj ni podgotvenost da se resat sporovi vo mesnite zaednici bez posredstvo na megjunarodnite "olesnuvaci".Vladata ne samo sto ne e nepodgotvena,tuku odozgore i nesposobna da go resi ednas ovoj spor so GR,koj trazi kreativnost od dvete strani.Problemot e tolku bizaren,sto EU i NATO ne smeat i ne mozat da se mesat,bidejki vo sekoj slucaj ke bidat obvineti za pristrasnost od ednata ili drugata strana.Zasega GR e vo golema prednost.Pozdrav.

Најди! во Утрински
На прво место
Бели чаршафи го прекрија нашето вино во Европа
Адеми
МАНУ нема пари за нова енциклопедија






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax