Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Адеми: Досиејата ги печатат поранешни функционери на ДБК

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми, вчера ги лоцираше главните актери во случајот со досиејата на функционерите на ДУИ. Тој е уверен дека „лажните досиеја се креација на членови на Демократската партија на Албанците, поранешни соработници на УДБА, функционери на ДБК што биле на позиција во 2001 година“.

„Сметам дека тие заедно не можат да се помират со фактот дека беа поразени во 2001 година и токму затоа произведуваат вакви фалсификувани документи“, изјави Адеми, кој вчера имаше средба со албанските историчари. На раководството на ДПА му порача да не се занимава со ниски работи, туку да понудат алтернатива на политиката на ДУИ и со неа да се борат за избирачите. „Треба да понудат опција, програма како политичка партија. Не треба да се кријат по подруми и да произведуваат фалсификувани документи со цел да дискредитираат политички опоненти“, рече Адеми.

Историчарот Музафер Беслими смета дека лустрацијата треба да им се препушти на институциите. „Македонија уште во 1990 година требаше да донесе закон со кој на сите што биле на функции во комунистичкиот режим ќе им се забранеше да се занимаваат со политика, односно да извршуваат политички функции од висок карактер. Со тоа ќе беше завршена целата лустрација“, смета Беслими. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 843 пати.

Испрати коментар

Од: Asto ako se pojavat originalite?
Датум: 05.11.2010 13:53:43
Belgrad ne saka so nas da se zanimava, dosta na Srbite im stapnuvavme na zul. No, sepak, sto ako Srbite gi izvadat originalnite dokumenti, ili i togas ce kazeme deka Srbite pravat falsifikat originali. Boze vo ovaa Makedonija, zakonite i obvrskite vazat samo za Makedoncite, od onoj za pusenjeto i ona so placanjeto struja, a Makedoncite imaat samo obvrski, no nikakvi prava. Zosto novinarite ne go prasaa sinoca Ademi sto mislese koga kaza deka vo 2001 tie gi pobedile, odnosno koj i kogoi pobvedil. No nasite novinari se poltparoli na DUI i na SDSM.

Најди! во Утрински
На прво место
Бели чаршафи го прекрија нашето вино во Европа
Атина не гледа експресно решение за името
МАНУ нема пари за нова енциклопедија






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax