Двајца крадци фатени на дело
ТЕТОВО - Полицијата затекнала двајца провалници од Тетово во кражба во продавницата „Зоре“ на ул. „Јане Сандански“ која се наоѓа во централното градско подрачје. Вчера еден час по полноќ крадците искршиле стакло од излог, а потоа ја пребарале продавницата. Припадници на тетовската полиција, кои случајно се нашле на местото на настанот, забележале дека се случува нешто необично во продавницата. Кога ги забележале полицајците, крадците почнале да бегаат, но биле фатени и приведени. Кај едниот од нив Ф.С. (20) биле пронајдени 1.530 денари одземени од касата. Полицијата пронашла и неколку најлонски кеси подготвени за изнесување полни со штеки цигари, чоколади и пијалаци. (Г.Е.) |