Уапсен еден од напаѓачите на Џезми Небија
Уапсен е еден од тројцата напаѓачи на скопјанецот Џезми Небија (34), кој беше тешко ранет во оружен напад 17 дена во населбата Чаир. Полицијата поднесе кривична пријава против Е.Б. (21) од Скопје, кој со уште две непознати лица, на 3 февруари годинава, на улицата „Кемал Сејфула“ од „голф“ во движење со пушка пукале кон Небија, кој возел „ауди“, нанесувајќи му две прострелни рани во пределот на грбот. На осомничениот му е изречен притвор од 30 дена. Од МВР велат дека Е.Б. и порано бил пријавуван за напад врз службено лице, насилство, тешка телесна повреди и недозволено држење оружје. По другите двајца напаѓачи се трага.
Како што пишувавме, Џезми му е брат на Насер Небија, кој беше убиен при полициска акција во Арачиново. Акцијата следуваше по убиството на полицискиот „тигар“ Зоран Марковски, извршено лани во Автокоманда. Полицијата тогаш информираше дека и Џезми бил пријавуван за тешка кражба, односно за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. (Г.А.)
|