Просветните инспектори откриле хаос во образованието во Струмичко
СТРУМИЦА - Состојбата со образованието во Струмица е загрижувачка, констатирал Државниот просветен инспекторат по извршениот инспекциски надзор во 12 основни и средни училишта во Струмица, Босилово и Василево.
Прекин на наставата за време на штрајкот, неадекватно оценување на учениците, неажурна педагошка евиденција, незаконско објавување огласи за прием на наставници и директори само во еден дневен весник, паралелки со помал број ученици за кои не била побарана согласност од Министерството за образование, непостоење програма за развој и систематизација на работните места... Ова се само дел од неправилностите од кои на вчерашната прес-конференција во Струмица ги презентираше директорот на Државниот просветен инспекторат, Роберт Георгиевски. Тој рече дека во училиштата била извршена инспекција на 12 декември по одржаниот отворен ден со министерот за образование и по бројните претставки од граѓаните на Струмица кои стасале до Министерството за образование.
„При извршениот инспекциски надзор беа констатирани огромен број неправилности кои даваат една загрижувачка слика за образованието во општина Струмица. Со оглед на неправилностите што беа констатирани при надзорот, донесени се 12 решенија со кои се наредени мерки кои директорите треба да ги преземат во законски предвидениот рок, со цел констатираната состојба да се надмине“, рече Георгиевски. Врз основа на откриените пропусти во работењето на струмичките основни и средни училишта, од Државниот просветен инспекторат до Јавното обвинителство биле поднесени пет барања за поведување прекршочни постапки. Директорот Георгиевски изјави дека од основачот ќе биде побарано разрешување на директорите на училиштата кои во законски утврдениот рок нема да ги отстранат констатираните неправилности. Вчера реагираа и од Општина Струмица. Изненадени се и лути што за наодите на Државниот просветен инспекторат дознаваат од медиумите, а не од инспекциските органи. Според Зоран Узунов, општински просветен инспектор, состојбата со образованието во Струмичкиот регион не била таква каква што се обидува да ја прикаже Државниот просветен инспекторат. (Е.П.)
Ajdee ,pokraj diktaturata na EPP vlada,postojat i ruski montirovki.Tamu kade gradonachalnicite se od vlasta vo obrazovanieto se e vo red a da ne zboruvame za uchilishta od zapadniot del na Makedonija.Tamu kade gradonachalnici se od opozicijata,direktorite i nastavnicite se najnesposobni i najneuredni.Posebno vo Strumica poradi golemata sposobnost na gradonachalnikot vo kogo veruvat golem procent i od dpmne-ovcite izleze deka nastavnicite bile najneuredni.Od ovie niski udari na vlasta se sramat i samite vmro-ovci dpmne-ovci..A ke dojde den so ovie plukanja na javni mesta i samata vlast nesakajki da se kazni.Deca se neznaat shto pravat,pushtete gi ushte se mali.
Од: зоран87
Датум: 25.12.2008 02:46:24
СДСМ не може да воспостави ред во едно селско училиште и да го спроведе законот за основно образование,а замислете што ќе се случи да ги оставиме повторно да ја водат државата.
ЗА СРЕЌА ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ ВО НАРЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ
Од: Strumicanka
Датум: 25.12.2008 08:33:59
Ova e uste eden dokaz za NENORMALNOTO I FASHISTICKO odnesuvanje na ovaa vlast. Se shto ne e od oboeno so nivna boja go degradiraat na najgnasen mozen nacin. Vo Strumica vrie od inspekcii. Sakat da pokazat deka vo rabotenjeto na Gradonacalnikot ima propusti. No slabo im uspeva. Narodot gleda G-da. SRAMOTA !
Од: Iko
Датум: 25.12.2008 10:04:10
Od komentarite gledam deka kaj nas uste ne im e jasno na lugjeto sto e vlast, odnosno deka postoi drzavna i lokalna vlast. Kakva glupost e koga ce se kaze "gradonacalnicite se od vlasta". Pa ednas veke treba da ni e jasno deka gradocalnicite SE vlast!!! Osobeno koga e vo prasanje obrazovanieto, koe e veke decentralizirana nivna ingerencija.
Од: acko
Датум: 25.12.2008 10:08:08
da vlezea malku inspektorite vo ucilistata vo Skopje i vo osnobvnite a posebno vo srednite kakov haos e. nikoj ne informira ni od inspektorite bni od vas novinarite za tepackite kade se ucilistata od mesan etnicki sostav. koj vi go zabranuva toa? kako se sto e strogo kontrolirano sto necini od ovaa vlast pa i toa. kako ne i e sram na ovaa vlast da forsira privatni ucilista da gi fali . dali e toa zatoa sto od nivnite sopsvenici prima mito koe e strogo zabraneto ili za vlasta toa nevazi? dali tamu vlegle prosvetni inspektori da proverat sto i kako se raboti?
Од: roditel mnogu zagrizen
Датум: 25.12.2008 10:24:49
moze malku Drzavniot inspektorat da poraboti i vo osnovnite skoli vo SKOPJE - na pr. vo OU 11 oktomvri, zasto Srumica vo odnos na Skopje e nisto. Go molime drzavniot Inspektorat da proveri sto se slucuva so nastavata i katastrofalnite predavanja, a posebno so testovite sto gi pravat nastavnicite( koi se vo smrten strav od EKsternite testovi sto ke se pravat od strana na Ministerstvoto).
Од: Bitola
Датум: 25.12.2008 10:57:33
Da be tamu najdoa haos oti gradonacalniko e od SDSM,a vo Bitola IC nema nisto vo obrazovniot haos.