Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Македонија

Распределени парите од концертот за Тоше

Хуманитарниот фонд од речиси 10 милиони денари собрани од концертот „Те сакаме сите“, посветен на Тоше, што се одржа на 5 октомври, ќе биде поделен на неколку хумани цели. Ова вчера го соопшти Меѓународната фондација „Тоше Проески“, од каде што посочуваат дека средствата од хуманитарниот фонд, кој изнесува 9.544.937 денари, ќе бидат наменски доделени за помош на здравствени институции за деца и организации кои работат со деца и лица со хендикеп.

Ваквата одлука е донесена од страна на Управниот одбор на Меѓународната фондација, а во согласност со желбите и начелата на Тоше - да се помогне на повеќе места и да се донесе радост за повеќе деца. Најголемата донација, според одлуката на УО на Фондацијата, ќе биде доделена на 25 јануари 2009 со што ќе биде одбележан роденденот на Тоше. (Макфакс)


Статијата е прочитана 660 пати.

Испрати коментар

Од: milka
Датум: 25.12.2008 02:24:25
I po smrta, angelu ke gi spasuvas decata. Vecna ti slava

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Одликувани „Танец“ и „Животна искра“
Трговскиот центар „Гетро“ најдобро архитектонско дело
Признание од папата за Томе Серафимовски
Просветните инспектори откриле хаос во образованието во Струмичко