05.10.2011, 17:15 Промовирани поштенски маркички
Посебни поштенски маркички беа промовирани вчера во рамките на Детската недела, која деновиве се одбележува со повеќе активности. Маркичките од вчера почнаа да се продаваат на скопскиот аеродром, каде што се поставени на посебни штандови, а 25.000 од нив, со вредност од 50 денари, се веќе откупени од ТАВ Македонија. Средствата ќе бидат донирани за ранливите групи деца.
Во рамките на Детската недела, градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“ организира хуманитарна и крводарителна акција, ��ако и промоција на прирачник. Прирачникот е насловен „Важноста на раната возраст - првите три во градинка“, со кој родителите полесно ќе можат да го следат психофизичкиот напредок на децата. (Ж.Х.З.) |