Брoj 2743  вторник, 22 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Протест на ЗНМ за грчката брана за македонските новинари

Здружението на новинарите на Македонија најостро протестира до Грција и нејзините одговорни институции за спречувањето на македонските новинари слободно да патуваат и да известуваат од нивната земја. Новинарите викендов не се пуштени да известуваат од настан во Грција и притоа биле претресувани.

„Никакво оправдување не може да биде тоа што на новинарите им е дозволено да влезат приватно во Грција, откако ќе ја остават опремата. Колепката на демократијата не смее да се плаши од информирањето и да дозволи само строго контролирани и проверени информации, или поточно информации кои се само по волја на властите во Грција. Грчките новинари секогаш во голем број и слободно можеле да присуствуваат на кој било настан во Македонија. Тоа што викендов се случи на македонско - грчката граница не смее да се повтори, посебно во ова чувствително време за односите помеѓу двете држави. Слободата на протокот на информациите помеѓу двете земји мора да постои, се' друго говори за едно поинакво време и создава многу лоша слика за демократијата и слободата на информирање во една држава“, се вели во писмото од ЗНМ испратено до Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, Мисијата на Европската унија во Македонија, Меѓународната федерација на новинарите и медиумите во државава.

И додека одговорните од Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје правеле напори новинарите да можат да влезат во Грција, пред се' затоа што поседувале уредни визи за влез, одговорните на граничните премини барале дополнителни потврди од грчкото Министерство за односи со јавност, што досега не било практика.

Нашата загриженост, велат од Здружението на новинари, е уште поголема, затоа што ова се случува веќе вторпат. Пред две години екипа на А1, исто така, не беше пуштена да направи репортажа од Северна Грција, што говори дека оваа европска држава ги спречува новинарите на соседот да информираат слободно.

Од ЗНМ бараат од Грција и нејзините авторитети да ја спречат оваа практика на селектирање на настани кои можат да бидат следени од страна на македонските новинари, се во интере�� на слободата на информирањето. (П.Р.)


Статијата е прочитана 161 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Дијаспората лобира за Македонија
Иселено седиштето на ОО на СДСМ - Гостивар
ДПА и ПДП се спојуваат за создавање посилен политички субјект
Македонската заедница од Викторија продолжува со лобирање
Претседателот на Основниот суд во Штип ги матира антикорупционерите?
Петрески- Иницијативата на Антикорупциска е неаргументирана
За надлежните во Куманово нема урбанистичка мафија