Брoj 2743  вторник, 22 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Дијаспората лобира за Македонија

Македонската дијаспора побара сугестии од претседателот Бранко Црвенковски како да продолжи со лобирањето во врска со името и привлекувањето странски инвестиции.

За ова, како што е соопштено, било разговарано вчера на средба на претседателот Црвенковски со висока делегација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), организација со седишта во највлијателните политичко-економски центри во САД, Канада и Австралија.

Делегацијата на ОМД го информирала претседателот Црвенковски дека нивното лобирање во овој период особено е насочено кон афирмација на македонските ставови за решавање на разликите со Грција околу името.

За таа цел, ОМД само во американскиот Конгрес има остварено контакти во повеќе од 150 канцеларии, при што на конгресмените им ја презентирала вистината за македонскиот национален идентитет.

Претседателот Црвенковски посочи дека припадноста на нацијата е неменлива и трајна, и оти ОМД со своите активности на најдобар начин го потврдува тоа, соопшти неговиот кабинет. (Макфакс)


Статијата е прочитана 422 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Иселено седиштето на ОО на СДСМ - Гостивар
ДПА и ПДП се спојуваат за создавање посилен политички субјект
Македонската заедница од Викторија продолжува со лобирање
Протест на ЗНМ за грчката брана за македонските новинари
Претседателот на Основниот суд во Штип ги матира антикорупционерите?
Петрески- Иницијативата на Антикорупциска е неаргументирана
За надлежните во Куманово нема урбанистичка мафија