Брoj 2743  вторник, 22 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Петрески: Иницијативата на Антикорупциска е неаргументирана


Охрид

ОХРИД - Поведувањето иницијатива за поднесување кривична пријава против градоначалникот на Општина Охрид, од страна на Антикорупциската комисија, е неаргументиран чин кој има нејасни мотиви. Ова вчера на прес-конференција во Охрид го истакна охридскиот градоначалник Александар Петрески.

„Објавените забелешки заради кои се препорачува кривично гонење на градоначалникот, целосно се неосновани и освен нарушување на имиџот на општината не постои друга издржана логика“, рече Петрески.

Тој побара јавно извинување од претседателката на Антикорупциската комисија и најави дека општината ќе ангажира адвокат и ќе ги преземе сите мерки за да го заштити угледот на градот.

„Државната комисија за спречување на корупцијата досега нема побарано извештај за спроведените препораки по извештаите од страна на ревизорот. Доколку се обратеше до општинските служби, тие ќе беа доставени, бидејќи за четирите точки кои се наведени во извештајот на Државната комисија за спречување на корупција целосно се спроведени“, рече Петрески.

Тој посочи дека поставувањето координатор за јавни набавки и донесувањето на интерен акт за регулирање на ставката за јавни набавки не се законски обврски, додека за неспроведување на обврските за донесување план и регистар за јавни набавки е предвидена прекршочна казна до 50.000 денари, но не и кривична одговорност. „Ова е доказ дека Антикорупциската комисија работи тенденциозно и неаргументирано“, рече Петрески. (Макфакс)


Статијата е прочитана 180 пати.

Испрати коментар

Од: robert
Датум: 22.07.2008 07:05:21
E za toa cekaj da vidime Petreski.Sonceto ke kaze dali si kriv ili ne???
Од: jimmy1
Датум: 22.07.2008 11:07:33
Ajde, ne tuku se pravdaj. Ti gospodine trebase odavna da bides zad resetki. Pkazi sto imot imase pred da stanes gradonacalnik i sto imot imas sega. Zarem zaboravi kolku pati dosega e imas zloupotrebeno tvojata funkcija, ali toa e logicno, politicarite imaat slabo pamtenje odkako ke dobijat nekakva vlast. Zasluzenoto da si go dobies a ukradenoto da ti se odzeme, toa e od narodot a ne tvoe.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Дијасп��рата лобира за Македонија
Иселено седиштето на ОО на СДСМ - Гостивар
ДПА и ПДП се спојуваат за создавање посилен политички субјект
Македонската заедница од Викторија продолжува со лобирање
Протест на ЗНМ за грчката брана за македонските новинари
Претседателот на Основниот суд во Штип ги матира антикорупционерите?
За надлежните во Куманово нема урбанистичка мафија