Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Забава

Анџелина Џоли

Забрана за снимање во Босна

Министерот за култура и спорт на федерацијата Босна и Херцеговина ја поништи дозволата за снимањето на филмот на Анџелина Џоли во Сараево. Филмот, кој е пријавен во Министерството под работниот наслов „Обединета љубовна приказна“, очигледно ги нема сите потребни документи и заедно со него не е приложено потребното сценарио, што не е во согласност со законот.

„Уште вчера повторно ги приложивме сите документи. Практиката зборува дека дозволата за снимање се издава врз основа на сценариото како што првично му го предадовме на Министерството. Пред еден месец, од истото тоа Министерство добивме дозвола без никакви проблеми“, изјавил Един Шаркиќ од продуцентнската куќа „Скаут филм“ од Сараево, која работи на филмот на Џоли. Локалниот министер за култура Гаврило Граховац не знаел дека филмот добил дозвола, а одлуката ја донел по состанокот со претседателката и член на здружението „Жени - жртви на војната“, кои тврдат дека филмот се базира на приказна за љубовта на една силувана жена и нејзиниот силувач. „Тоа не е точно. Никој од нив го нема прочитано сценариото. Филмот на Џоли не е заснован на таква приказна, ниту е жена што би работела на такво нешто и намерно би повредила некого“, додаде Шаркиќ. Инаку, на Анџелина Џоли, која во Будимпешта го снима своето режисерско првенче, на сетот и' се придружи и Бред Пит, а многубројните папараци, кои со денови ја опседнуваат Унгарија, го фотографираа како со сопругата ја разгледува локацијата и разговара со членовите од екипата на филмот. Тој пристигна во Будимпешта со близнаците Нокс и Вивиен минатата сабота, а завчера првпат и' се придружи на снимањето. Со доаѓањето на Бред и близнаците, семејството се комплетираше. Додека Анџелина престојува на сетот, популарниот актер ги чува Нокс и Вивиен, а Захара и Шајло се во зоолошката градина, додека најстарите Медокс и Пакс одат во приватното американско-француско училиште во Будимпешта.


#
Статијата е прочитана 883 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Жртва на погрешна дијагноза за ракот на дојката
Бебињата на вештачка храна склони кон дебелеење
Maкедонските женски презимиња - проблем за Хрватска
Затворот му бил како училиште






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy