Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Забава

Кајли Миног

Жртва на погрешна дијагноза за ракот на дојката

Во неодамнешното телевизиско шоу на Елен Деџенерис, Кајли Миног раскажа дека нејзините доктори прво и' поставиле погрешна дијагноза, кажувајќи и' дека е сосема здрава. Сепак, набрзо и' беше откриен рак на дојката. Имено, во мај 2005 година, популарната австралиска пејачка го откажа гостувањето на фестивалот „Гластонгури“ и остатокот од тогашната светска турнеја „Шоугрлс“. Подоцна се дозна дека има рак на дојката и дека се наоѓа во болницата во Мелбурн. Пејачката имаше 37 години. Кај Елен Деџенерис кажа за лажната дијагноза и ��епрофесионалноста на медицинскиот тим што се грижел за неа. Во јавноста владееше особено голем интерес за здравствената состојба на џебната Венера, па дури и австралискиот премиер Џон Хауард јавно и' посака брзо закрепнување и колку што е можно побрзо враќање на музичката кариера. По хируршката интервенција, Кајли отпатува на хемотерапија на институтот „Густав-Рус“ во близината на Париз. „Третманот на хемотерапија е како да ве погодила нуклеарна бомба“, рече Кајли.


#
Статијата е прочитана 1960 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Забрана за снимање во Босна
Бебињата на вештачка храна склони кон дебелеење
Maкедонските женски презимиња - проблем за Хрватска
Затворот му бил како училиште






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy