Се чистат косините на коритото на Вардар
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ работат на расчистување на вегетацијата на коритото на Вардар, а го чистат и отворениот Усјански канал. Досега од Усјанскиот канал, кој се наоѓа во општините Кисела Вода и Аеродром се исчистени 3.200 квадрати нискостеблеста вегетација и собрани се 3.600 кубни метри машински ископ наносен материјал.
Од косините на коритото на реката Вардар на потегот на мостот „Близнак“ до пешачкиот мост Луна парк се исчистени околу 50.000 квадрати нискостеблеста вегетација.
Градските власти информираат дека екипите на „Улици и патишта“ го чистеле коритото на Вардар и од мостот во Хром до месноста Лака, потоа од мостот во Сарај до пешачкиот мост во Ѓорче Петров, а двапати била исчистена и косината на минор коритото на Вардар на потегот од мостот „Железничка станица“ до пешачкиот мост кај Владата. (С.Р.) |