Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Без најава, укинато зонското спроти „Рамстор“

Паркирањето кај трите кули по должината на „М.Х.Јасмин“ повторно е бесплатно иако до скоро чинеше 35 денари од час

Деспина Трајковска

На паркингот спроти „Рамстор“ кај трите кули на „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ паркирањето веќе еден месец е бесплатно, иако до скоро таму се вршеше зонска наплата. Шеесетина места се комплетно слободни за бесплатно паркирање иако се' уште може да се види по некоја табла или обележан паркинг-простор кој наведува дека паркирањето се наплаќа по зонскиот систем. И поради неколкуте монтажи и демонтажи на информативните табли на ЈП „Градски паркинг“, станарите од околните згради и оние што често го користат паркингот се во недоумица што се случува со него. Дали одлуката за укинување на зонското паркирање е конечна, од кога е во сила и, воопшто, до кога ќе биде важечка.

Од ЈП „Градски паркинг“ само потврдуваат дека од изминатиот месец паркирањето во тој реон е бесплатно. Тврдат дека одлуката е донесена по барање на граѓаните во соработка со Општина Центар.

„Од Општината добивме наредба да ги отстраниме таблите, бидејќи станарите од околните згради не се согласувале да плаќаат, иако цените се симболични. Добиле поддршка од Општината и во случајов го испочитувавме барањето“, вели накусо Борче Јакимовски, директор на ЈП „Градски паркинг“.

Тој не сака да ги коментира, а у��те помалку да верува во шпекулациите дека, всушност, ова е игра на Општина Центар и нејзиното претпријатие за паркиралишта. Наводно, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ подготвува терен и да го земе под свое и овој паркинг со кој стопанисуваше „Градски паркинг“ како дел од пакетот намери за преземање на паркинзите кои се' уште се под градска капа. Имено, во непосредна близина на паркингот кај кулите, општинското ЈП има свој паркинг со рампа (зад „Трготекстил“), кој наводно планира да го прошири токму таму каде што до неодамна важеше зонското паркирање.

Од општинското претпријатие вчера не беа достапни за коментар, директорот не одговараше на телефонските повици.

Дел од станарите, пак, од кулите велат дека не знаат оти постоела иницијативата за укинување на зонското. „Сега сме во полоша ситуација. Така барем плаќавме повластени 200 денари и речиси секогаш имавме место за паркирање. Сега, кога за сите е бесплатно, ретко човек да најде место“, коментира една станарка, свесна дека поради недостиг од паркинзи во центарот на градот, но и заради потребите од растоварување на сообраќајот, неопходно е граѓаните да плаќаат за паркирање.


#
Статијата е прочитана 1995 пати.

Испрати коментар

Од: Raspucin
Датум: 11.08.2011 06:10:57
Konecno normalna odluka vo vrska so parkinzite,Pari od nebo.Sekade treba da se ukinat sega koga veke se gradat katni garazi ke ima kade da se rastereti seto toa a ne da se naplaka za dovcerasna ulica koja tatkomi pa i jas malku sme ja plakale so samopridonesi.Zonskoto parkiranje vo Skopje e cista krazba na narodot.Aerodrom e katastrofa sega da nemoze gostin da ti dojde treba da plati sto ke te vidi kako da sme vo zooloski eksponati.
Од: miroslav balaburski
Датум: 11.08.2011 06:51:00
Teska forma na spekulacija e tvrdenjeto na JP Gradski parking deka postoelo nezadovolstvo od stanarite okolu cenata na parkiranje, zemajki vo predvid deka uste vo 2007 trite kukni soveta dadoa soglasnost do gradot za otstapuvanje na parkingot na JP.Gradski parking.I jas licno kako i ostanatite koi ziveeme na spomenatata adresa potpisavme dogovori i uplativme pari na smetka na pretprijatieto a po dva dena tablite bea simnati so obrazlozenie deka se "renoviraat". J.P gi izmami graganite so serviranje na razni lagi se so cel da ne gi vratat sredstvata. Smatam deka zemanjeto pod uprava na parkingot od strana na opstina \Centar e vistinsko i pravicno resenie za resavanje na ovoj problem.Kraj
Од: Vasko
Датум: 11.08.2011 10:28:47
Ja znam situcaijata: stanarite so vakvi slichni karakteristiki so Raspucin se bunele i trgnato e. Ete nekoj si misli ako neshto plakal (dali preku "samopridonesi" (sho i da e) ili nesho drugo) vo minatoto, sega moze da kenja po ulicine. Alo, praime muabet za segashosta i idniata, 200 den se za sega ne za lani. Plakash 4000 parno i neznam kolku za struja, voda i telefon, i se bunish za 200 den vo strog centar. Ne mi e jasno sho k ne idete u Jurumljari na primer, parkin kolku sakash, mesto parno so drva itn. Se pametnjakovichi sho mislat deka celiot ostanat svet e glup, posle kriva ni e Grcija, Bugarija ili neznam ti koj od golemite sili...
Од: re
Датум: 11.08.2011 10:38:05
komentarive a i tekstot se nesoodvetni prosetajte niz svetot pa pisuvajte so zpnskoto se vospostavi redot na parkiranje vo gradot podignete ja sovesta i koristete gradski prevoz ili taxi nemoze koj kade i koga da parkira nie me sme tunguzija
Од: Aerodromec
Датум: 11.08.2011 12:05:19
Кој збори за Центар, алооо Распучин збори за Аеродром, населено место станбени комплекси, спална соба на град Скопје...и да плаќам 200 ден за паркинг кај мене пред улица кога на паркингов се све истите коли само од станарите...зонско паркирање е за центар каде паркирањето е динамично,1-2- часа заврши работа и толку....општината треба да работи за бенефит на граѓаните. а не касата на ЈПГрадски Паркинг !!!
Од: Стрезо Стрезовски
Датум: 11.08.2011 13:47:01
Невкусно е да напишете „Сега сме во полоша ситуација. Така барем плаќавме повластени 200 денари и речиси секогаш имавме место за паркирање. Сега, кога за сите е бесплатно, ретко човек да најде место“, коментира една станарка “. Ова сте го измислиле, ниеден станар вакво нешто не би рекол. Станарите и соствениците на станбен и деловен простор се најголеми жртви на дискриминацијата која се прави со зонските и рампаџиските паркиралишта. На станарите им е практично ускратено правото да примаат посети. Треба граѓаните да знаат дека најголем дел од приходите на овие Претпријатија потекнува од од казнување со блокатори на тркала и со пајак возила. За жал Уставниот суд на Република Македонија не поведе постапка по иницијативи и донесе две решенија У.бр.48/2010 и У.бр 30/2011 . Сега е вложена жалба до Судот во Стразбур.
Од: do Vasko
Датум: 11.08.2011 13:49:03
Mnogu si vo pravo Raspucin zivee vo aerodrom i covekot isto kako i drugite aerodromci se bunat bidejki stavrno e gostin ne moze da ni dojde toa ke go cini pari a sega go napravija Jane Sandanski celo zonsko i kaj sto treba i kaj sto ne treba ako tolku nadleznite se grizat za svoite gradjani neka napravat za stanarite besplatno Ili kako vo Slovenija si pishuva pred sekoja zgrada dozvoleno za stanarite od zgrada broj i ne se naplaka nishto a ako nekoj go ostavi voziloto a ne e od taa zgrada samite gradjani prijavuvaat i go trgaat voziloto taka e vo EU

Најди! во Утрински
Скопје
Дождот ги вработи келнерите
Се чистат косините на коритото на Вардар
И овој паркинг го мерка општинското претпријатие
Битолската ЗОО по терк на скопската
Тазе зебри и такси-стојалишта

"""