Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Тазе зебри и такси-стојалишта

Петнаесетина булевари и улици од скоро имаат тазе освежени пешачки премини, стрелки, а префарбани се и такси-стојалиштата, како и ознаките „училиште“. Со нова бела боја е освежена површина од речиси 48.000 квадрати, а со жолта боја, која ги поднови такси-стојалиштата, биле истретирани речиси 1.500 квадрати. Подновени со црвена боја се и ознаките на велосипедските патеки и тоа на површина од близу 3.000 квадрати.

Бележењето го вршеа екипи на ЈП „Улици и патишта“, машински и рачно, најчесто ноќе. Во акцијата беа опфатени булеварите „Јане Сандански“, „Србија“, „Видое Смилевски-Бато“, „Трета македонска бригада“, „АСНОМ“, „Војводина“, „8 Септември“, „Партизански одреди“, „ВМРО“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, како и улиците „Франклин Рузвелт“, „Алфред Циборовски“, „4 Јули“,„Ѓорче Петров“ и улицата „Првомајска“ и тоа од населбата Драчево до Усје. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Дождот ги вработи келнерите
Без најава, укинато зонското спроти „Рамстор“
Се чистат косините на коритото на Вардар
И овој паркинг го мерка општинското претпријатие
Битолската ЗОО по терк на скопската

"""