Број 3047  вторник, 28 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Битолски „Транскоп“ во претстечајна постапка

БИТОЛА - Камионџиите од битолски „Транскоп“ - товарен сообраќај побарале стечај за фирмата, затоа што осум месеци се без работа и без плата. Вработените сметаат дека стечајот може да ги надмине нивните проблеми откако со менаџерскиот тим со месеци не успееја да најдат заеднички јазик и да продолжат со работа.

„На 4 септември ќе има рочиште за отворање стечајна постапка. Доаѓа инспекција, ги гледа сметките, а тие се на нула. Се' е дадено под хипотека. Многу е тешка состојбата во фирмата. На сите страни се должи“, изјави Ѓоко Баљари, претседател на синдикатот на „Транскоп“ - товарен сообраќај. Осумдесеттемина вработени во „Транскоп“ велат дека и натаму ќе продолжат да одат на работа, се' додека судот во Битола не донесе одговор на нивото барање.

Минатата недела работниците излегле со барања за исплата на платите и придонесите пред менаџерите. Исто така, бараат намирување на долговите кон доверителите и понуда на програма за надминување на кризата во фирмата. Да се свика ново собрание на акционери и да се стават во мирување одлуките од последното, бараат вработените. Но, и покрај ветувањето од раководството дека ќе им се исплатат дел од платите и дека ќе регистрира камиони со кои ќе можат да продолжат со транспорт, не било направено ништо конкретно. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 472 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
На „Дрисла“ се уништувале отпадоци од риба?
Безметални порцелански заби и на Стоматологија
Лозарите задоволни од родот, но разочарани од цената