Број 3047  вторник, 28 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Лозарите задоволни од родот, но разочарани од цената

Трговците плаќаат 20 денари за килограм „кардинал“, а „демиркаписката рана“ падна на 10 денари

Ангел Данов

КАВАДАРЦИ - Почна бербата на трпезното грозје во Тиквешкиот регион. Лозарите се задоволни од годинашниот род, но разочарани од цената. На кванташкиот пазар во Кавадарци, трговците плаќаат 20 денари за килограм „кардинал“, а „демиркаписката рана“ падна на 10 денари за килограм.

„Триесет денари треба да биде ’ранката‘, а ја давам за 10 денари. Не' уценуваат, тие ја диктираат цената. Никако не се исплаќа ни за орање ни за прскање“, вели Перо Тушев, лозар од Кавадарци. Од цената не е задоволен ни Митре Петков. Тој вели дека се оставени на милоста на откупувачите, дека се во мат-позиција за да мораат да се приспособат на условите кои тие им ги диктираат, а за трошоците и да не зборува.

Моментно трпезните сорти што се откупуваат во Тиквешијата одат на кванташкиот пазар во Скопје, а само мал дел заминуваат на косовскиот пазар.

Но, се жалат и откупувачите. Тие посочуваат дека слабо оди продажбата на грозјето на пазарите. Имаат и критика до лозарите, дека грозјето се' уште ја нема постигната потребната шеќерност и созреаност и дека губи на квалитет, дека се бере предвреме, само во желба да се дојде до денар. Бербата на винското грозје почнува за нецел месец.

На неодамнешната средба меѓу лозарите и винарите во Велес немало оптимистички најави за откуп на годинашниот род. Претседателот на „Агротиквешија“, Љупчо Аризанов, вели дека со помош на Владата винарските визби лани ги наполниле подрумите, но не можеле да се снајдат со пласман. Така, големи количини останале на залиха, а и колку ќе го пласираат во наредниот период, според Аризанов, е прашање на време. За лозарите и годинава визбите нема да бидат доволно расположени за големи изненадувања во поглед на цената.

„Владата навреме треба да преземе мерки за извоз на винското грозје за да не се создаде фама меѓу народот, а, исто така, и винарските куќи да не го злоупотребуваат тоа за да ја рушат цената како што се случи со пченицата. Уште сега треба да се размислува каде ќе оди годинашниот род, бидејќи е многу поголем од лани. Достигнува и до 180 милиони килограми и не ќе може цел род да влезе во визбите“, нагласи Љупчо Аризанов.

Преработувачите засега мудро молчат. „Повардарие“ ќе откупува, но без одговор колку и по која цена. Иста најава и од „Тиквеш“, ќе земаат грозје, но се' уште не им бил направен планот за откуп. Нема никакви најави ни од откупните пунктови.

Изминатиов период немаше и некои посебни активности на застапниците на лозарите со винарските куќи да се преговара за цената и количините за откуп. Ќе се повтори ли истото сценарио како и секоја година, со редици пред пунктовите и со чекање за откуп - останува да се види.


#
Статијата е прочитана 395 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе.
Датум: 28.07.2009 08:36:05
Родот е од бога а цената од умот.Со глава ќе си плаќаме.Главата не е само да ни тежи на рамењата.Лозарите нека се надеват на подобра цена после две години.

Најди! во Утрински
Македонија
На „Дрисла“ се уништувале отпадоци од риба?
Битолски „Транскоп“ во претстечајна постапка
Безметални порцелански заби и на Стоматологија