Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Продолжи повтореното судење за аферата „Aрмиско оружје“

Љубиша Станковиќ

Со распит на обвинетите за аферата „Aрмиско оружје“, во Основниот суд Скопје 1 продолжи повтореното судење на осумтемина обвинети. Никој од присутните не сакаше ново препрочитување на стариот обвинителен акт, но затоа пак адвокатот Драган Гоџо побара од застапникот на обвинението да објасни за што се товарат обвинетите и како биле сторени кривичните дела.

„И по две и пол години, ниту мене, ниту на обвинетите не ни е јасно за што се товарат тие и за што треба да одговараат“, рече Гоџо.

Во двочасовното сведочење, обвинетиот Нелко Менкиновски рече дека работел согласно со задачите кои му биле наложувани од државниот секретар и лично од министерот за одбрана, дека и да сакал тој не можел да договара надвор од задачите што им биле доверувани.

Како и на минатиот претрес, Менкиновски повтори дека договорот што бил потпишан помеѓу МЗТ и бугарската фирма ЕМКО, а кој се однесува на продажба на митралезите „МГ-3“, првпат го видел кога бил повикан пред истражен судија.

Обвинетиот посведочи дека обвинителот бил во Бугарија каде што лично се запознал со детали поврзани за овој договор за набавка на оружје, но дека тој доказ обвинителот никогаш не го презентирал пред судот.

Според Менкиновски, за престојот на обвинителот во Бугарија постојат и записници, а дека лицата со кои разговарал ќе можат да потврдат дека тој немал никаква врска со составувањето на договорот.

И обвинетиот Виктор Раички во својата одбрана се повика на патувањето на обвинителот во Бугарија. Тој рече дека неговиот бранител ги побарал записниците од средбата, но дека тие не му се дадени ниту на судот.

„На претходниот процес застапникот на обвинението, кој во тоа време беше без мандат, се однесуваше како обвинет и се бранеше со молчење, а ние докажувавме дека ништо не сме сториле. Од друга страна, пак, застапникот на обвинението криеше и се' уште крие докази и од одбраната и од судот“, рече Раички, кој потоа се повика на сведочењата на началникот на Генералштабот на АРМ, Мирослав Стојановски, и на сведокот Петар Шкрбина, а кои говореа за неопходноста од ослободувањето од оружјето.


Статијата е прочитана 414 пати.

Испрати коментар

Од: glupendra
Датум: 27.02.2009 03:28:46
Do koga ce odgovara "sitna boranija", a Ministerot i Nacalnikot na Generalstabot ke se sokrivaat zad niv.
Од: Vlach
Датум: 27.02.2009 12:17:27
Политички монтиран случај од Маневски и од Груевски со цел да покажат дека демек нешто се работи во оваа држава. Резили! Корумпирани полициски службеници, обвинители, судии... се слика на овој процес!

Најди! во Утрински
Хроника
Заврши судскиот процес на Андријана Будимир и Лилјана Петровиќ
Разрешен судијата Зафиров поради „случајот Ореше“
Масерка уценувала клиент со фотографии
Ја претепал сопругата со која се разведувал
Женски труп пронајден во Брегалница
Рудар се затрул од гасови